ЦЕНИ НА ЛЕЖАЛКИ И ХРАНА ВО ГРЦИЈА: Српските туристи изненадени
Објавено во: Балкан 27 Јуни, 2024
Српските туристи се бесни поради цените во Грција.
Tуристи од Србија кои веќе заминале на одмор во Грција непријатно се изненадиле од цените на храната и на лежалките на некои плажи на нивните омилени дестинации, објави српски Курир.
„Кај нас гирото лани беше 3 евра, сега е од 7 до 9 евра! Кафето на плажа е 7 евра. Но, не е порција гиро, порцијата е уште поскапа, обичното гиро чини толку! Овие цени воопшто не ги очекувавме. Секоја година семејно одиме во Грција и сега бевме непријатно изненадени од цените. Изнајмувањето лежалки е од 7 до 10 евра, што не е толку колку на други места, но храната е прескапа. Па, за четири гира треба да платиме и до 36 евра. Во Србија за тие пари можеме да јадеме двапати“, вели незадоволна туристка.
На некои плажи комплет лежалки чини од 10 до 40 евра.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.