Цените на Apple акциите го достигнаа највисокото ниво
Објавено во: Мои пари 30 Мај, 2014 11:44
Акциите на компанијата Apple (AAPL) вчера пораснаа за 11,37 долари или 1,82 %, а нивната цена на денот на затворување изнесуваше 635,38 долари, што е најголема вредност во последните 52 недели. Apple исто така постигна рекорд кога во прашање е цената за време на тргувањето во текот на денот, со 636,87 долари. Претходниот рекорд на компанијата во период од последните 52 недели беше пред два дена со вредност од 629,83 долари.
Најниската цена на акциите на компанијата Apple во последните 52 недели изнесување 388,7 долари, а тоа беше на крајот на тргувањето на 28 јуни 2013 година. Apple , според овие мерила, е највредната компанија на светот, а нејзината пазарна капитализација изнесува 547,3 милијарди долари. Останатите врвни компании се:
2. Exxon Mobil (XOM) – $434.89B
3. Google (GOOG) – $377.77B
4. Microsoft (MSFT) – $333.23B
5. Berkshire Hathaway (BRKA) – $316.14B
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година





