Цените на недвижностите во Атина бележат драстичен пад поради кризата
Објавено во: Балкан 22 Јули, 2013
Цените на недвижностите во Атина бележат драстичен пад поради кризата, при што метар квадратен станбена површина во некои квартови во грчката престолнина достигна и до сто евра, пишува весникот „Имерисија“.
Тоа се претежно станови стари по 30-40 години, кои не е потребно да се реновираат и се прилагодени за живеење.
Големата понуда на имоти по толку ниски цени се должи на фактот дека нивните сопственици не се во состојба да ги плаќаат даноците и се принудени да ги продаваат.
Според брокери, во моментот на пазарот има околу 270 илјади такви станови. Се смета дека со малку пари, на пример со 10.000 евра, можат да се купат двособни станови и гарсоњери во добра состојба. Тие се наоѓаат во квартови како Кипсели, Панграти, Агиос Пантелејмонас, Керацини и Илисија.