Честојнова праша како ќе се забрани употребата на старото знаме?
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2018 16:15
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Павлинче Честојнова во Собранието денеска праша како ќе се забрани користењето на старото знаме со 16 крако сонце, кое вели го има на многу места изгравирано.
Вели дека овој Договор со Грција не гарантира дека после 3 или 10 години јужниот сосед нема да не блокира.
Честојнова рече дека Договорот е национална катастрофа.
„Ова што се случува денеска е газење на сопствениот народ и негово негирање. Се поставувате над народот, а никој не е над народот, сите сме овде народни избраници“ - рече таа.
Честојнова рече дека ќе ја испочитува волјата на народот, и ќе гласа „против“.
Катерина Кузмановска од СДСМ реплицираше дека на Македонија треба да се даде нова перспектива.
„Оние граѓани кои не излегоа ни ја дадоа одговорноста на нас. Дали сме подготвени да ја понесеме одговорност за просперитет и иднина на нашите деца, или сме подготвени да ја понесеме одговорност за изолација, небезбедност? Јас не сум сигурна дека второто можеме да ги понесеме“ - вели Кузмановска.
На ова Честојнова одговори дека без реформи нема да бидеме поблиску со ЕУ.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




