17 Декември, 2025
0.0540

Четворица кандидати во трка за претседател на Хрватска

Објавено во: Балкан 08 Декември, 2014 14:17

Добивај вести на Viber

Актуелниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, но и Колинда Грабар - Китаровиќ, Милан Кујунџиќ и Иван Вилибор Синчиќ влегуваат во трка за нов хрватски претседател, објави хрватската Државна изборна комисија. Изборите ќе се одржат на 28 декември. Јосиповиќ е кандидат на СДП, Грабар - Китаровиќ на ХДЗ, Кујунџиќ на Сојузот за Хрватска, а Синчиќ на партијата „Жив ѕид“, која се спротивставува на насилните исселувања на граѓаните за неплатени кредити. Изборната комисија ја потврди уредноста на нивните кандидатури. До Комисијата стигнале уште три кандидатури од независни кандидати, но биле отфрлени затоа што ги немале потребните 10.000 потписи за поддршка. Грабар - Китаровиќ на нејзината кандидатура добила поддршка од 328 илјади гласачи, Јосиповиќ - 203 илјади, Кујунџиќ - 50-тина илјади, а Синчиќ околу 15 илјади. Изборната кампања ќе започне утре и ќе трае само 18 дена. Претходно кандидатите, согласно хрватските закони, мора да објават дали и колку пари ќе потрошат од нивни сопствени средства.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата