СДСМ ПРАШУВА
Чии играчи се Груевски и Мицкоски?
Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2018
Чии играчи се Груевски и Мицкоски?“ - Ова прашање го поставува владеачката СДСМ посочувајќи дека ВМРО ДПМНЕ уште еднаш го покажало режимското лице на раководството.
-Режимот делува најпанично кога целосно се распаѓа и кога го губи тлото под нозете, осветувајќи се и врз сопственото членство. Анти-македонскиот носител на криминалот и режимот, Никола Груевски заедно со неговиот анти-западен пион Христијан Мицкоски продолжуваат да им докажуваат на сите граѓани дека се против НАТО и ЕУ“ - соопштуваат од СДСМ.
Од партијата на Заев ги повикаа екс премиерот и сегашниот да излезат и јавно да соопштат дека се против НАТО и ЕУ бидејќи, како што додаваат „очигледно е дека режимската лага веќе не им проаѓа ниту меѓу сопственото членств“о.
„Ги повикуваме сите демократски сили во земјата, сите пратеници и граѓани кои сакаат Македонија да успее како земја членка на НАТО и ЕУ, да се приклучат кон националното обединување. Македонија расчисти со поделбите на Груевски и Мицкоски. Македонија е земја во која институциите обезбедуваат правна држава по европски стандарди. Сега е време политички раскараните граѓани да се помират и Македонија да продолжи напред како економски силна земја, едно општество за сите.
На едната страна се изолираниот режим и криминал на Груевски, на другата страна е растечкото национално обединување на граѓаните.
Македонија избира обединување, режимот останува изолиран во својот бел бункер. Граѓаните на Македонија го ставија режимот на Груевски и Мицкоски во ќош“, соопштија од СДСМ.