16 Мај, 2025
0.0280

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

Објавено во: Економија 23 Април, 2024 08:00

Добивај вести на Viber

Не огласи се бараат куќни помошнички и тоа најчесто за работа во Скопје. Како што е наведено во огласите, бараат жена која ќе се грижи за домот, ќе готви и ќе ја одржува хигиената. За ваквите работни места обично бараат жени кои веќе имаат искуство, кои се одговорни и флексибилни. Ги консултиравме луѓето кои се во потрага по куќни помошнички и тие велат дека им требаат жени за одржување на домот, затоа што или се презафатени со работни обврски или имаат стар родител кој не е во состојба сам да готви, пегла, чисти. Дополнително, се случува и жените кои имаат близнаци, да побараат куќна помошничка која ќе им помогне околу обавувањето на домашните обврски.

Има огласи во кои се бара куќна помошничка за 3 дена работа во неделата или за 6 дена. Платите варираат. Некои од луѓето кои бараат куќни помошнички, нудат плаќање по работен час. 

„Немам најдено уште. Дали луѓето не се задоволни од надоместот, не знам. Денеска живееме во време кога бркаме кариера, чуваме деца, не може сè да се постигне и реално имаме потреба од такви жени. Имаме квантитет, но немаме квалитет. Не сакам да дискриминирам, но ромската популација најчесто се јавува на вакви огласи. Немаме некоја конекција како што јас морам да си ги почитувам обврските на работното место. Пазарна економија, секој си бара повеќе. Сум имала ситуација, сум ја пријавила жената, а не се појавува на работа со некои изговори. Имам пријател кој бараше помошничка да се грижи за неговиот татко, но на крајот мораше тој самиот да се грижи за него“, вели скопјанка.

Ако ги следиме демографските трендови, во земјава расте бројот на старото население и нив им е потребна грижа во третото доба.

„Точно е дека иселувањето тоа го направи, оние кои останале немаат време, ќе си бркаат кариера. Сè повеќе и повеќе занаетите, такви некои порутински работи ќе дојдат на цена, затоа што нема кој да ги работи. Младите си заминаа. Има доста стари кои се сами. Младите ќе платат некој да се грижи за нивните стари родители, само да не си ја изгубат работата, затоа што не се ни присутни тука“, рече социологот Татјана Филиповска.

Според податоците од пописот, од 2002 до 2021 година бројот на работоспособно население се намалил за 171.317 жители, или 12,4 отсто, додека бројот на старо население над 65 години се зголемил за 17,2 отсто или за 101.619 лица. Најстаро население има во неколку скопски општини, како и во Битола, Прилеп, Велес, Охрид. Aко ги погледнеме податоците на Агенцијата за вработување, хигиеничарките веќе долго време се на врвот, односно се најбарани или се меѓу најбараните професии во државата.

Сања Атанасовска

foto  freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Фактор анализа КОЧАНИ – ВИНИЦА 2024: Виница прави најголем алаш-вериш во Источна Македонија! Кои се најголемите во Виница и Кочани?

Фактор анализа КОЧАНИ – ВИНИЦА 2024: Виница прави најголем алаш-вериш во Источна Македонија! Кои се најголемите во Виница и Кочани?

„СО МАКЕДОНСКА ПЛАТА, МОЖЕЛО ДА СЕ КУПИ ПРОСЕЧНО 4 ПАТИ ПОМАЛКУ ГАС ОТКОЛКУ СО УНГАРСКАТА“: Професорот Трајковски потсетува на неуспехот како држава

„СО МАКЕДОНСКА ПЛАТА, МОЖЕЛО ДА СЕ КУПИ ПРОСЕЧНО 4 ПАТИ ПОМАЛКУ ГАС ОТКОЛКУ СО УНГАРСКАТА“: Професорот Трајковски потсетува на неуспехот како држава

ПРАВИЛОТО „78 ОТСТО“ И ВО ЕСМ? Платата на директорите и до 2.500 евра

ПРАВИЛОТО „78 ОТСТО“ И ВО ЕСМ? Платата на директорите и до 2.500 евра

ГОТОВО Е, ОТПУШТААТ 7.000 РАБОТНИЦИ: Еве кој гигант одлучи да испрати работници дома

ГОТОВО Е, ОТПУШТААТ 7.000 РАБОТНИЦИ: Еве кој гигант одлучи да испрати работници дома

Нема повеќе обложување на странските веб платформи во Македонија

Нема повеќе обложување на странските веб платформи во Македонија

Бизнисменот Назиф Дестани излегол од „Еуромакс Рисорсес“

Бизнисменот Назиф Дестани излегол од „Еуромакс Рисорсес“

ВОРЕН БАФЕТ КОНЕЧНО ОТКРИ ЗОШТО„БЕРКШИР ХАТАВЕЈ“ МУ ЈА ПРЕДАВА НА АБЕЛ: „Кога наполнив 90 години, почнав да стареам“

ВОРЕН БАФЕТ КОНЕЧНО ОТКРИ ЗОШТО„БЕРКШИР ХАТАВЕЈ“ МУ ЈА ПРЕДАВА НА АБЕЛ: „Кога наполнив 90 години, почнав да стареам“

Фактор анализа КУМАНОВО 2024: Кои се најголемите фирми во Куманово? Три фирми, едно семејство за профит од 10,2 милиони евра!

Фактор анализа КУМАНОВО 2024: Кои се најголемите фирми во Куманово? Три фирми, едно семејство за профит од 10,2 милиони евра!

„Гранит“ ангажирал 30 Индијци за работа на автопатот Кичево - Охрид

„Гранит“ ангажирал 30 Индијци за работа на автопатот Кичево - Охрид