Чобанов: Ветото на Плевнелиев ќе биде отфрлено поради аргументите на министерство за финансии
Објавено во: Балкан 13 Август, 2013
Првиот бугарски финансиер Петар Чобанов, коментирајќи го ветото на Плевнелиев за ребалансот на буџетот изјавил дека претседателот не сакаше да ги послуша нашите аргументи, а политичката позиција во него преовладуваше и тој јасно се позиционираше политички во дебатата за ребалансот на буџетот.
Според него, „третото" читање на ребалансот во парламентот е наметнато чисто од политички причини, и смета дека ветото на Плевнелиев ќе биде отфрлено поради аргументите на бугарското министерство за финансии.
Бугарскиот претседател минатата недела стави вето на амандманите на буџетот за земјата за 2013-та година, поради тоа што не постоела транспарентност во врска со предлозите за дополнителните трошоци.
Овие амандмани предвидуваа дефицит на трошоците од 2 проценти од БДП-то, наспроти 1,4 отсто кои ќе беа финансирани од надворешниот долг.
Парламентот ќе гласа на 30-ти август за ветото на бугарскиот претседател, а за укинување на истото ќе биде потребно апсолутно мнозинство.