30 Март, 2025
0.0253

ЧОКОЛАДИТЕ ЛАНИ ГО ИМАА ИСТИОТ УБАВ ВКУС, НО НЕ Ѝ ДОНЕСОА РАДОСТ - како лани се преполови профитот на скопска „Европа“

Објавено во: Економија 26 Март, 2025 08:20

Добивај вести на Viber

Зголемени приходи, но речиси преполовена добивка. Чоколадите и вафлите не и донесоа убав вкус лани на домашната фабрика „Европа“, а од компанијата во своето образложение напишале дека главни причини за тоа се зголемените цени на струјата, гасот, суровините, но и зголемувањето на бруто платите.

Да видиме што говори Билансот на успех за тоа како лани работела Европа.

Она што е факт, е дека компанијата лани остварила одлични оперативни приходи, а кои главно се должат на приходите од продажбата на домашниот и странскиот пазар. И притоа треба да се истакне дека кај приходите од продажбата има зголемување, но Билансот на успех говори дека има зголемување и на расходната страна, и тоа поголемо од приходната, што прави да се намали профитабилноста на ова акционерско друштво.

Или, нето профитот на компанијата е 310 илјади евра, што е намалување за 43 проценти.

Од главниот финансиски извешатај на компанијата се гледа дека лани „Европа“ Скопје имала вкупни оперативни приходи од дури 15,7 милиони евра, што е одличен прилив и е зголемување за 7 отсто во однос на претходната 2023 година.

Помали се приходите остварени на домашниот пазар, наспроти оние од странските пазари, а кај приливите од извоз има и повисок раст.

Имено, од продажбите на чоколадите, вафлите и другите кондиторски производи на домашните потрошувачи „Европа“ лани инкасирала 7,6 милиони евра, што е сепак подобро од претходната година, во однос на која има зголемување за 5 проценти.

А, поголем процент на пораст имаат приходите од продажбите на странските пазари, односно тие се зголемени за 9 отсто, достигнувајќи ниво од 8,1 милиони евра.

Благо намалување има кај залихите, а пораст има кај останатите оперативни приходи, и тоа за 36 проценти, но тие се незначителни за фабрика од таков калибар и изнесувале 109 илјади евра.

Што ни покажува расходната страна.

Од своето работење нашата чоколадна фабрика лани направила трошоци на сума од 15,2 милиони евра, што во однос на една година претходно е зголемување за 9 проценти.  

Најголемата трошочна ставка се трошоците за суровини и материјали, и за нив се направени 8,5 милиони евра, што е зголемување за 12 проценти.

Втор најголем трошок по обем се трошоците за вработените, кои изнесуваат 3,7 милиони евра и кај нив зголемувањето е за 10 проценти.

Услугите со карактер на материјални трошоци се зголемени за 7 проценти.

Сето ова довело до тоа Европа лани да има оперативна добивка од само 282 илјади евра, што е намалување за 53 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Добро е за компанијата што финансиските приходи се поголеми од расходите, и тие и се зголемиле, додека, пак, финансиските расходи се намалени и се пониски од приходите, иако тоа само малку влијае на крајниот резултат.

Па после нивното вкалкулирање добивката од работењето изнесувала 369 илјади евра, што е намалување за 42 отсто во однос на претходниот период.

Додека, пак, после плаќањето на данокот нето профитот изнесувал 310 илјади евра, што во однос на истиот период лани тоа е намалување за 43 проценти.

„Намалувањето на добивката за 2024 година е како резултат на зголемување на цените на електричната енергија и гасот, суровините, како и покачувањето на бруто платите“, објаснија од компанијата во своето образложение.

Исто така, таму напоменуват дека Годишното собрание на акционери на АД ЕВРОПА одобри пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2023 година на износ од 11.501.700 денари или 187 илјади евра бруто дивиденда или по акција 50 денари.

„АД ЕВРОПА на акционерите им исплаќа дивиденда само откако ќе се исплатат сите обврски на друштвото и трошоци за капиталот. Во досегашното работење  на АД ЕВРОПА Скопје, водејќи се од начелото на резидуална дивидентна политика,  на акционерите им исплаќа дивиденда согласно законски предвидената постапка која во годишниот извештај за 2024година e изрично потенцирана“, се вели во образложението. 

Од компанијата велат дека таа не е кредитно задолжена во тековната 2024 година, што значи дека сите обврски ги сервисира со сопствени извори на средства.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИТАЛИЈАНСКИОТ ГИГАНТ ГИ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНИТЕ НА НЕКОИ МОДЕЛИ ЗА 10 ОТСТО: Ова е обид да се ублажат царините на Трамп

ИТАЛИЈАНСКИОТ ГИГАНТ ГИ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНИТЕ НА НЕКОИ МОДЕЛИ ЗА 10 ОТСТО: Ова е обид да се ублажат царините на Трамп

ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПРЕСВРТ – АМЕРИКАНСКИ БРЕНД СЕ ВРАЌА НА ЕВРОПСКИТЕ ПОЛИЦИ: Производот ќе се појави на пазарите во Франција, Германија, Италија, Белгија и Полска

ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПРЕСВРТ – АМЕРИКАНСКИ БРЕНД СЕ ВРАЌА НА ЕВРОПСКИТЕ ПОЛИЦИ: Производот ќе се појави на пазарите во Франција, Германија, Италија, Белгија и Полска

Демант од ТИРЗ: „Работиме одговорно и транспарентно, сѐ со цел унапредување на целокупната национална економија“

Демант од ТИРЗ: „Работиме одговорно и транспарентно, сѐ со цел унапредување на целокупната национална економија“

ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ: Љубителите на кафето ќе треба да платат повеќе за овој напиток

ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ: Љубителите на кафето ќе треба да платат повеќе за овој напиток

ПРОТЕСТ НА 2 АПРИЛ: Македонија со најниска минимална плата во регионот

ПРОТЕСТ НА 2 АПРИЛ: Македонија со најниска минимална плата во регионот

ЕК ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Што ќе добие Македонија од тоа?

ЕК ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Што ќе добие Македонија од тоа?

ОД ПРВИ АПРИЛ: Возачите на овие возила во Германија ќе имаат бесплатен паркинг

ОД ПРВИ АПРИЛ: Возачите на овие возила во Германија ќе имаат бесплатен паркинг

Ќе се сложат ли малите акционери? „Тиквеш“ ќе гарантира за 12,5 милиони кредит на фирма што ја водат Свето Пивара и синот Јане

Ќе се сложат ли малите акционери? „Тиквеш“ ќе гарантира за 12,5 милиони кредит на фирма што ја водат Свето Пивара и синот Јане

ПОТРЕБА ИЛИ РАСИПНИШТВО? Дирекцијата за индустриските зони ќе потроши „цело богатство“ за нови вработувања и хонорарци

ПОТРЕБА ИЛИ РАСИПНИШТВО? Дирекцијата за индустриските зони ќе потроши „цело богатство“ за нови вработувања и хонорарци