„Чоколенд“ во Веро - слаткиот пат до награди
Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2022 11:40
Чоколадната празнична бајка во Веро и оваа година ги изненадува и наградува потрошувачите преку традиционалната манифестација „Чоколенд“. Од 16 до 27 декември, Веро организира специјални промоции и супер промотивни цени на голем број слатки производисо чие купување потрошувачите стануваат потенцијален добитник на слаткинагради.
Со секоја сметка над 200 денари од означените слатки производи, потрошувачите добиваат купон кој треба да го пополнат со лични податоци и да го остават во означените кутии во секој Веро маркет. Секој купон учествува во наградната игра во која ќе се доделат вкупно 300 ваучери од по 500, 1.000 и 1.500 денари.
Почнувајќи од 17 декември сѐ до завршувањето на наградната игра, секој ден се извлекуваат вкупно 30 добитници на слатките награди. Односно, секој ден Веро доделува по 10 ваучери од по 500, 1.000 и 1.500 денари. Ваучерите може да се искористат за пазарување производи од слатките рафтови во Веро маркетите најдоцна до 31 јануари 2023 година. Добитниците на слатките ваучери се објавуваат на профилите на социјалните мрежина Vero marketiистиот ден по завршување на извлекувањето.
„Чоколенд“ е традиционална предновогодишна манифестација која Веро ја организира со години наназад како вовед во празничната магија на слатките задоволства. Организирајќи го „Чоколенд“, Веро ги промовира најпознатите брендови на чоколади и слатки од домашни и странски производители, а воедно на своите потрошувачи им овозможува да уживаат во најголем избор на слатки вкусови по промотивни цени.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




