Човекот кој вчера пукаше во Ист Гејт опуштено си седи во кладилница?
Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2023
„Фокус“ обезбеди нови фотографии од човекот кој вчера попладне го рани Раде Трајковски – Штекли и неговиот соработник со прекар Колумбо во трговскиот центар „Ист гејт“.
Тие завршија во болница, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека тоа било криминална пресметка и дека го бараат сторителот. Министерот рече дека е формиран штаб за таа намена. Вчера полицијата објави фотографија од напаѓачот и ги повика граѓаните доколку имаат информации за лицето да се јават на 192 или 112.
фото фокус