ЧОВЕКОТ ШТО УНИШТИ 18 КОЛИ ВО КАТНА ГАРАЖА СОПСТВЕНИЦИТЕ ДА СИ ГО ГОНАТ СО ПРИВАТНА ТУЖБА - МВР го уапси 48 годишниот скопјанец
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2022 14:32
МВР излезе со детали.
Денеска полициски службеници од Полициска станица Центар при СВР Скопје го привеле С.А.(48) од Скопје, постапувајќи по пријави од граѓани примени во 07.25 и 07.40 часот, според кои во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар било извршено оштетување на нивните патнички возила.
„Од страна на полициски службеници веднаш е излезено на местото на настанот и по преземени мерки било констатирано дека станува збор за оштетување на 18 патнички возила коишто биле паркирани во катната гаража“, според информациите од портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.
Извршен бил увид од страна на увидна екипа, а по дополнителни мерки утврден е сторителот кој ги извршил оштетувањата, кој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.
За случајот е известен Јавен обвинител по чии насоки делото е класифицирано по чл.243 од Кривичниот законик и се гони по приватна тужба, а од страна на МВР ќе се преземат сите неопходни активности за документирање на делото.
Некои медиуми пренесоа дека човекот бил со нарушено ментално здравје и бил во алкохолизирана состојба.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




