19 Декември, 2025
0.0539

„Чувари на мудроста“: Слушајте го вашиот глас, бидете искрени, читајте многу, работете на својот интегритет и карактер

Објавено во: Мои пари 05 Јуни, 2025 14:29

Добивај вести на Viber

Личното искуство не може никој да ни го одземе во животот, но можеме да го споделиме со помладите и да инспирираме тие полесно да носат одлуки во својот живот. Бидете свои, бидете инаетливи, не слушајте многу совети, им порачаа наши доајени, професори, музички уметници, стопанственици на студенти од повеќе факултети на третата конференција „Чувари на мудроста“ што „Халкбанк“ ја организирана Економскиот факултет во Скопје.

-На овој настан се среќаваат генерациите, се споделува искуството, а се надеваме и дека се буди инспирацијата. И годинава нашата конференција има исклучителна цел – да изгради мост помеѓу мудроста што се стекнува низ децении и младешката енергија што носи нови идеи и визии за иднината. Нашите панелисти се личности чии кариери зборуваат за упорност, позитивен импакт, успех и одговорност – вредности кои се подеднакво важни и денес. А од другата страна, ве имаме вас, студентите со добиена шанса да слушнете, прашувате и научите по нешто од оние кои чекореле пред вас – рече Маја Наумовска-Савеска, директор за маркетинг и корпоративни комуникации на Халкбанк АД Скопје.


Учесници на првиот панел „Курикулум на животниот и професионален развој“ беа академик Абдулменаф Беџети, професорот по административно право и јавна администрација, Борче Давитковски и професорот Љубе Трпески, кој во својата кариера беше професор на Економскиот факултет во Скопје, министер и гувернер на Народната Банка. Инспиративни искуства сподели и Муарем Муртезани, стопанственик.

Теоријата е важна, но ако не е искомбинирана со пракса, тогаш не може да има резултат, рече Беџети, кој повеќе од четири децении е во високото образование.

Проф. Борче Давитковски чија експертиза е вклучена во 170 закони вели: - Многу е важен социјалниот живот додека студирате, треба да го негувате, им порача на студентите.


Проф. Љубе Трпески сподели дека сакал да студира новинарство со цел да ги критикува девијациите на општеството, но се запишал на Економски факултет со можност со таа диплома да работи во медиум. Мора да бидете упорни, не секогаш целта ја постигнуваат најталентираните, но упорните, рече тој.

Муарем Муртезани е сопственик на фирмата „Алма-М“. На многу пластичен начин тој го долови својот животен пат. - Алгоритамот мора да ви е подесен да размислувате позитивно. За мене нема проблем, има предизвик, вели тој.

Учесници на вториот панел „Уметност на живеењето – на сцената и во реалност: беа академик Влада Урошевиќ и актерката Снежана Коневски-Руси, која годинава ја доби наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Инаетот ме натера да пишувам. Дружењето со младите ми беше животен еликсир. Дознавав многу нешта. Се обидував да им објаснам дека литературата не смее да се разгледува преку идеолошки критериуми. Ако сум успеал во тоа, ќе бидам задоволен, се потсетува Влада Урошевиќ.

Енергичната Руси исто така вели дека била многу своеглава во носење одлуки и дека во суштина си се слушала само себеси. И’ велеле да оди да учи Право, но таа вели јас избрав – криво – Факултетот за драмски уметности. Човекот не е цел во животот, ами е мост! Мост меѓу постарата и онаа средна. И денес сум мост оти ги спојувам младата и старата, истакна Руси.

Третиот панел беше насловен „Живот во ритам на музиката“. Зборуваа радиоводителот Драган Б. Костиќ, доајенката на македонската народна музика, Блага Петреска и велешкиот Страдивари – изработувачот на виолини, Светозар Богданоски, кој истакна дека му чест што е во друштво на музички легенди.

-Таму каде што сум, треба да создадам вредности.– вели Богданоски.

Јас нон стоп пеев. Едвај ги убедив родителите да ми дозволат да се запишам во Скопје во Средното музичко, се потсети пејачката Блага Петреска.  -Парите никогаш нема да ве направат среќен. Најважно е да останете човек. Бидете чесни, скромни.

Драган Б. Костиќ ги советуваше младите да избираат самите, а не како ќе им кажат родителите.

- Дозволете си да згрешите, не е тоа ништо страшно. Убаво беше чувството кога легендата Иван Антонов ми кажа дека не е лошо тоа што го правам. Утре ќе имате придобивка од тоа што денес го работите - истакна Костиќ.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка