ЦИКЛОН БОРИС: Евакуација во Италија, се трага по исчезнати
Објавено во: Свет 20 Септември, 2024
Поради поплавите, евакуирани се 1.500 луѓе, а се трага по две исчезнати лица во близина на градот Равена во Италија.
Продолжува потрагата по две лица, кои беа пријавени за исчезнати во близина на градот Равена. Болоња, Чезена, Форли, Равена и Римини беа најтешко погодени од поплавите, а имаше и многубројни одрони, јавува „Танјуг“.
Училиштата сè уште се затворени во областа Равена и во неколку области околу Форли-Чезен.
Во мај лани, Емилија-Ромања се соочи со поплави и одрони, во кои загинаа 17 луѓе и предизвикаа штета од неколку милијарди евра.
Во меѓувреме, силен дожд го погоди и регионот Марке, особено градот Анкона, каде што се излеа реката.
Циклонот Борис претходно погоди неколки европски држави и загинаа над 20 луѓе.