Ципрас со сопругата во историска посета на Скопје: Која е првата дама на Грција?
Објавено во: Македонија 02 Април, 2019 11:10
Во тек е првата официјална посета на грчки премиер на Македонија а Алексис Ципрас во оваа историска посета ја донесе со себе сопругата и првата дама Бети Базиана.
Таа му е невенчана сопруга скоро 20 години а колегите на факултет ја опишувале како „динамична и многу упорна“ .
Се пишува и дека Ципрас никогаш не би дошол до чело на левичарската партија ако не била токму неговата сопруга.
Ципрас и неговата сопруга не само што станале пар, туку и воделе неколку локални комунистички протести, вклучувајќи го и оној против непопуларните реформи во образованието.
Медиумите и ден денес прашуваат дали таа од сенка ги држи конците и управува со земјата? Колегата на премиерот Заев живее во Атина со сопргата, со која имаат две машки деца.
Сопругата на Ципрас денес ќе се дружи со првата на дама на Македонија Зорица Заева.
Foto: Daily Mail
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




