ЦИВИЛ и МОСТ ќе го надгледуваат прегласувањето во Теарце
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2016
Прегласувањето во Теарце на едно избирачко место ќе биде во фокусот на вниманието на невладините организации кои се ангажирани за набљудување на процесот на изборите, а ќе се ангажираат повторно ЦИВИЛ и МОСТ кои веќе се на терен со цел да ги информираат гласачите.
„Нашето набљудување е мобилно. Ќе имаме засилено набљудување на целиот терен. исто така на ниво на целата држава постизборното набљудување на Цивил е активно и ги следиме партиските активности во овој транзиционен период во сите општини во земјава“, изјавија од Цивил.
И од граѓанската асоцијација Мост потврдуваат дека ќе имаат свои набљудувачи кои ќе го следат изборниот процес на гласачкото место 20-11 во Теарце, а ќе имаат и мобилни тимови.