Цивил јавува за поткуп во повеќе градови, се собираат докази за пријавите
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2016 10:15
Организацијата Цивил посочи дека досега добиле пријави за повеќе случаи на обиди за поткупување на гласачи во неколку градови меѓу кои Скопје, Прилеп, Валандово и други општини, за што се собираат докази.
Полицијата осуети обид за поткуп на гласачи, врз основа на пријавите од набљудувачите на ЦИВИЛ и во Демир Хисар. Едно лице е задржано под основано сомнение за поткуп на гласачи, а постапката е во тек. ЦИВИЛ доби детален извештај од теренот за текот на „операцијата“ за поткуп на гласачи во овој и во други случаи, извештај кој наликува на вистински акционен филм.
- Во интерес на истражните постапки, повеќе детали не е можно да се споделат со јавноста во овој момент. Сепак, може да се сподели денешниот впечаток дека МВР, за првпат по долги години, изгледа како да има намера да поведе битка против изборните нерегуларности, велат од ЦИВИЛ.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




