Цивил: Огромен број на пријави од граѓани за изборни нерегуларности
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2016 18:15
Цивил на денешната прес конференција одржана пред Државната изборна комисија посочи дека голем број на граѓани доставиле пријава за нарушување на изборниот процес, а голем проблем има и со гласачите кои наводно одеднаш ги снемало од избирачкиот список.
- Само во периодот од 5-ти до 8-ми декември, Цивил прими над 600 повици од граѓанки и граѓани, загрижени за тоа дали ќе имаат можност да го искористат своето право на глас на предвремените парламентарни избори!
ЦИВИЛ повторно потенцира дека е строго забрането да се уценуваат и заплашуваат гласачите. За жал, сé до последниот ден на кампањата, продолжуваат притисоците врз гласачите!
Од почетокот на втората недела од предизборната кампања, до Цивил пристигнале уште над 100 пријави. Вкупно, над 170 случаи на притисоци, закани, злоупотреби и други категории на нерегуларности, пристигнаа во ЦИВИЛ од 21-ви ноември до 8-ми декември, не броејќи ги пријавите кои се однесуваат на проблемите со Избирачкиот список, соопшти Цивил.
Оваа невладина организација побара надлежните институции да ги преземат сите мерки за непречено одвивање на изборниот процес, да сопрат заканите и уцените, да се почитува утрешниот изборен молк, а ги повикаа и набљудувачите да постапат согласно нивните надлежности.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




