19 Декември, 2025
0.0631

ЦИВИЛ регистрирал кршење на молкот - за кои општини има реакции?

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2016 17:01

Добивај вести на Viber

Од невладината ЦИВИЛ регистрирале повеќе прекршувања на изборниот молк.

Од почетокот на изборниот молк, до ЦИВИЛ стасале околу триесет извештаи од изборните набљудувачи, како и десетина пријави од граѓани, за кршење на изборниот молк и притисоци врз гласачите.

„Во една општина, директорот на училиштето му забранил на еден вработен, тој и целото негово семејство, да се појави на гласање утре. Според ова сведоштво, тој „не бил сигурен гласач“. На расправијата меѓу директорот и вработениот, присуствувале и други вработени во институцијата“ - велат од ЦИВИЛ.

Од ЦИВИЛ сметаат  дека политичките партии се однесуваат слично, ако не и полошо во споредба со претходните изборни процеси.

„Во село Подареш, општина Радовиш, во тек е изградба на пат, што претставува кршење на изборниот молк. Иста ситуација е нотирана и во село Миравци, општина Гевгелија.Вработени во една скопска општина во моментов организирано се јавуваат кај гласачите и вршат агитација и притисок.Во село Матејче, општина Липково, прекршен е  изборниот молк од страна на две политички партии во ова село.Во текот на изборниот молк, во населбата Маџари, скопско, се појавил печатен материјал со црна кампања против еден од носителите на кандидатски листи“ - кажаа од ЦИВИЛ

Набљудувачите на ЦИВИЛ регистрирале и нерегуларности во Кичево каде што велат дека во Општинската изборна комисија владее хаос и дека на некои членови на Избирачките одбори не им е дозволен пристап до просториите каде што се средува изборниот материјал. Велат не се знае кои болни и изнемоштени ќе гласаат, а постојат и индиции дека се гласа во име на друг. 


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината