Conservative.mk за приведениот скопјанец: Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат одговорност

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2022 21:36
Од веб-страницата Conservative.mk вечерва пишуваат дека осомничениот за анонимните закани за поставени бомби во скопски средни училишта е Н.Н., нивни активист. Тврдат дека тој нема никаква врска со овој случај.
„Како во најцрните денови од комунизмот, со над 10 службеници е приведен повеќе од четири часа, поради сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во училиштата во Скопје“, се вели во објавата.
Додаваат дека тој е пред сѐ општествено одговорен граѓанин, активист на Conservative.mk кој е активно вклучен во борбата против дезинформациите и fake news, кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент.
„Ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците. Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност, како и да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани“, велат од центарот.
Според описот на веб-страницата Conservative.mk, таа претставува „платформа и движење базирано примарно на Идеолошки и аналитички центар која во себе спојува граѓански активисти чии примарни заложби се демократија, слободен пазар, здрава животна средина, како и активисти чија примарна идеологија е конзерватизмот и класичниот либерализам како десно или центар-десни ориентации“.
Минатата недела три дена по ред имаше дојави за бомби во средни училишта во Скопје, а тоа се повтори и денеска.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски претходно изјави дека било утврдено дека заканите доаѓале од странство.Можеби ќе ве интересира
Затворен е автопатот Скопје-Куманово во двата правци

(ВИДЕО) СТРАШНА ГЛЕТКА: Гори црквата во скопското село Мршевци

МУ ПЛАТИЛА 6.700 ЕВРА, ПА ЗЕЛА И КРЕДИТ ОД 3.000 ЕВРА: Маж измамил скопјанка на социјалните мрежи ветувајќи и брак

ОЈО: Oтворена е истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

ВРАБОТЕН ВО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ВО ЧАШКА „ПОЗАЈМУВАЛ“ НАФТА ОД СЛУЖБЕНИТЕ КАМИОНИ: по апсењето, во домот му нашле и оружје

„Не гледам потреба за организирање лидерска средба со Филипче“: Мицкоски за повиците повторно да се види со лидерот на СДСМ

Опозицијата со остра реакција: Началници ќе се поставуваат без полициско искуство

Човек што треба да ги контролира директорите на М-НАВ бил член и на комисијата за вработување

Костадинов му се заблагодари на Мицкоски за парите за проектите: „Од срце му благодарам на мојот тим за посветената работа, но и на Владата и Премиерот“
