Добивај вести на Viber
Пастирите месечно заработуваат неколку стотина евра, но мал е бројот на оние кои сакаат да се занимаваат со тоа, информира Радио-телевизија Cрбија.
На пасиштата на југ, во место каде просечната плата е 20.000 динари, малкумина се фаќаат за овчарскиот стап. Милуваат да речат – „од работа само се грбави“.
„Никој не сака да работи како овчар. Тука велат дека нема работа, а овде не сака никој да работи“ – раскажува Оливер Цветановиќ од селото Црвена Јабука.
„Кого и да прашаш дали сака да чува овци, ќе ти одговори – нели се твои овци, чувај си ги. Полесно им е да седат на улица и да пијат пиво, отколку да чуваат овци – вели Предраг Бабин
Од околу 780.000 официјално невработени во земјата, речиси е невозможно да најдеш некој кој сака да заработува чувајќи овци и крави.
Пастирите заработуваат од 200 до 700 евра месечно, а покрај платата имаат и стан и храна.
Пастирот Рајко Дудиќ заработува 200 евра месечно, а обезбедени му се храна и кров над главата.
- Треба да знаеш да знаеш да ја нараниш, напоиш, да се грижиш за овците. Треба се да познаваш, секоја овца, секое јагне чие е – раскажува пастирот Рајко.
Има и такви кои од овчарската работа месечно заработуваат две просечни плати. Така Ѓорѓе Јовановиќ за чување крави добива и до 80.000 динари.
„Добра е платата, 600 динари по крава. Добро е, само е досадно. Треба да се издржи цел ден на сонце и на дожд и ветер“ – раскажува Ѓорѓе.