Добивај вести на Viber
По новото поскапување на струјата во Cрбија, домаќинките и пензионерите порачуваат дека се наоѓа простор за штедење на струја, бидејќи и до сега сите домашно ибврски се завршувале навечер кога е струјата поевтина отколку во текот на денот.
Во изјава за весникот Блиц, Злата Влаховиќ, професорка во пензија која живее во Обреновац, вели дека и пред поскапувањето на струјата станувала во 6,30 часот наутро за да зготви ручек, да уклучи машина за перење, но и правомукалка.
- И понатаму строго ќе се прдиржувам до оваа пракса бидејќи не ми паѓа на памет да го запоставам плаќањето на сметките - вели оваа пензионерка која од августовската сметка ќе мора да плаќа околу 250 динари повеќе за струја.
Во новосадската Електродистрибуција им препорачуваат на граѓаните, особено по вчерашното поскапување на струјата за 11 отсто, повеќе да ги користат апаратите кое се енергетски ефикасни.