Добивај вести на Viber
Коридорите Cрбија и дефинитивно ги раскинаа сите договори со Алпина која банкротираше, а која работеше на изградба на делницата Коридор 10 кај Димитровград, пишува српски Блиц.
Австриската Алпина, на домашните компании кои работеа за неа како произведувачи, им должи околу 420 милиони динари. За да го раскинат договорот, Коридорите Cрбија чекаа согласност од Cветската банка и од Европската банка за развој кои беа кредитори на овие зафати.
- Коридорите на Cрбија денеска отпочнуваат процедура за наплата на банкарските гаранции за добро извршување на работата во вкупна вредност од 5,1 милион евра и банкарска гаранција за повраток на авансот од 2,7 милиони евра. Дополнително, Коридорите имаат и задржан депозит од 2,9 милиони евра - изјави директорот на Коридорите Cрбија, Димитар Ѓуровиќ, нагласувајќи дека сите банкарски гаранции се валидни и дека не се очекуваат никакви проблеми при нивната наплата.