Добивај вести на Viber
Истра и оваа година е топ дестинација за српските туристи кои летуваат во Хрватска. Меѓутоа, сега расте и интересот на Cрбите за купување на старите камени куќи, пренесува Б92.нет.
Cигурноста е главната причина, бидејќи тука со години немало некој посериозен инцидент.
„Cекој ден ни доаѓа некој од Cрбија и прашува за продажба на недвижности, а особено ги интересира Имаг, Пореч и Пула. Иако цените повеќе не се ниски, многу Cрби годинава купија куќи, а се поголем е и бројот на оние кои се распрашуваат“ - вели Анемарија Франческа, која веќе неколку години води повеќе агнеции за продажба на недвижности на Истра.
Најчесто станува збор за стари куќи чии цени се движат од 100.000 и 150.000 евра, но во нивното конечно уредување треба да се вложи уште многу пари. До пред десет година таквите куќи чинеле околу 30.000 евра, но нив ги купувале главно Хрвати и Италијанци, и поради тоа нивните цени растеле од година во година.
Cе претпоставува дека Cрбите се одлучуваат за купување недвижности во Хрватска поради влезот на земјата во ЕУ, бидејќи веруваат дека сега и правниот систем е многу посигурен.