Добивај вести на Viber
Црковните власти на Кипар ќе ја спасуваат Грчката банка на островот, односно ќе преземат 25 отсто од рекапитализацијата на банката. Средствата ќе бидат дадени за три години.
Како што изјави кипарскиот архиепископ Хризостом, „православната црква на Кипар ќе ја финансира Грчката банка на островот во обид да биде рекапитализирана, за да не зема помош од државата и од „тројката“ меѓународни кредитори на земјата“.
Грчката банка, која е најмалата на островот и за која се тврди дека простила кредити на компании, пратеници и претставници на локалните власти во износ од милиони, има потреба од 294 милиони евра.