23 Јануари, 2025
0.0754

ЦРМ: Новите измени во Законот за медиуми Владата нетранспарентно удира врз слободата на медиумите

Објавено во: Мои пари 27 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) смета дека последниот Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, предложен од страна на Владата, по скратена постапка, претставува нов нетрансапрентен обид за удар врз слободата на информирањето и слободата на медиумите.

Владата, со овие трети законски измени за само осум месеци, сака на радиодифузерите да им го ограничи правото на опомена пред да биде поведена прекршочна постапка за непочитување на одредбите кои се однесуваат на производството и емитувањето домашна документарна и играна програма.

Според предложените измени, Владата ќе го има последниот збор во определувањето на максималниот износ за исплата на надоместокот на радиодифузерите за создавање домашна документарна и играна програма. Таа наметнува паушални критериуми според кои ќе се оценува дали радиодифузерите имаат право на надоместок на трошоците во висина од 50%, а во иднина, преку подзаконски акт, ќе може да ги доразработува критериумите, и со тоа директно да влијае врз приватните радиодифузери и јавниот радиодифузен сервис.

Владата оди и чекор понатаму со тоа што си пропишува нова надлежност за формирање меѓуресорска комисија од седум члена, која ќе ги оценува критериумите според кои ќе им се исплаќа надоместок на радиодифузерите за создавање домашна документарна и играна програма. Дури 5 членови на меѓуресорската комисија ќе бидат од министерства или други државни органи што се под директна контрола на власта, додека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за филм ќе имаат само по еден член во комисијата.

Ова претставува директен упад во независноста на медиумскиот систем во Република Македонија, и целосно деградирање на АВМУ како независно, самостојно и регулаторно тело, смета Центарот за развој на медиуми.

Според ЦРМ, прашањето колку и каква документарна и играна програма радиодифузерите ќе емитуваат, е прашање на нивната независна уредувачка политика, а не на форматот во кој емитуваат. Овие обврски се единствено примерени за јавниот радиодифузен сервис кој има должност да се грижи за јазикот, традицијата и културното наследство на Република Македонија, како што е веќе уредено со постојниот текст на Законот.

Последните законски интервенции, сериозно и суштински ги менуваат правата и обврските на радиодифузерите и сето тоа се одвива на нетранспарентен начин, без каква било јавна расправа и консултации со медиумската заедница во државава.

Затоа, ЦРМ апелира, Владата да престане со игнорирање на медиумските организации и новинарските здруженија при интервенција во правни акти кои директно ги засегаат медиумската, но и пошироката јавност. Инсистирањето на законски измени по скратена постапка и отсуството на каква било јавна дебата за нив, претставува уште еден индикатор за тоа дека Владата сака да воспостави целосна контрола врз медиумите и медиумските работници.

Едновремено, ЦРМ апелера, Владата да престане со континуирано предлагање промени на медиумските закони, преку кои акумулирајќи суштински овластувања за себе, во континуитет ги намалува и онака кревките медиумски слободи во Македонија.

Наместо вакви измени и дополнувања, ЦРМ сака да ја потсети Владата за јавно преземената обврска, во рок од шест месеци по донесувањето на медиумските закони, да предложи промени во начинот на финансирање на јавниот радиодифузен сервис, со кој ќе се  обезбеди неговата независност и ќе се елиминира влијанието на извршната власт.

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД