ЦРНА ГОРА КАКО МОНТЕ КАРЛО: Најбрзорастечкиот центар на милионери во светот
Објавено во: Финансии 14 Август, 2025 07:30
Црна Гора е прогласена за најбрзорастечкиот центар на милионери во светот кои, поради тековните вооружени конфликти и трговски војни, се движат во потрага по подобри можности и финансиска стабилност, пишува RTCG.
Црна Гора, со 2.800 милионери, сè уште заостанува зад многу други земји, но бранот на интерес делумно се должи на претходната инвестициска програма за добивање државјанство, објавува Радио-телевизија на Црна Гора.
Географската положба на Црна Гора и нискиот даночен систем со единствена стапка на данок на доход и без данок на наследство или подарок, се нагласува во извештајот, ја направија оваа земја привлечна за милионерите и нивното богатство.
Додека европските земји како Црна Гора, Малта и Полска бележат значително зголемување на бројот на милионери, другите делови од континентот се соочуваат со масовен егзодус на нивните најбогати граѓани.
Оваа година е прв пат во една деценија европска земја да се најде на врвот на глобалната листа на заминувања на милионери - Велика Британија, која ќе види 16.500 милионери да заминат оваа година.
Нивното богатство вреди околу 91,8 милијарди долари, што е пад од околу девет проценти во последните 10 години - делумно поради последиците од Брегзит, политичката несигурност и промените во даночниот третман на нерезидентите.
Оваа година, околу 142.000 милионери во странство планираат да се преселат, оставајќи ги зад себе познатите луксузи како што се лондонските пентхауси и француските имоти, според RTCG.
Бизлајф.рс* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“





