ЦРНА СЕДМИЦА: Скоро 100.000 луѓе во светот починаа од корона
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Јануари, 2021
Црна седмица во светот поради висока смртност од коронавирусот. За седум дена во светот починаа 96.000 пациенти заразени со коронавирусот.
Светската здравствена организација соопшти дека ова е црн рекорд од почетокот на пандемијата. Смртните случаи во периодот меѓу 18 и 24 јануари се за еден процент повеќе отколку претходната недела. Бројот на регистрирани новозаразени во период од седум дена е помал за 15 проценти. Од 18 до 24 јануари, потврдени се околу 4.105.000 нови инфекции на коронавирусот. Повеќе од 98 милиони луѓе во светот се заразени од почетокот на пандемијата, а над 2,11 милиони од нив починаа. Најмногу заразени има во САД, Индија, Бразил, Русија, Британија, Франција, Шпанија, Италија. Вакцинацијата трае, но и оваа 2021 година светот нема да се справи со пандемијата.Меѓу сиромашните земји кои го ставија вирусот под контрола е Куба.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.