ЦРНИ БИЛАНСИ - во Италија 651 починат, но барем помалку од вчера, во Шпанија вирусот однесе 375 животи
Објавено во: Свет, Корона Вирус 22 Март, 2020 19:44
Бројот на жртви од коронавирусот во Италија достигна 5.476 лица, со што таа земја сега има многу повеќе регистрирани починати од Кина, каде нивниот вкупен број е 3.261.
Само за едно деноноќие, последното, КОВИД-19 во Италија однесе нови 651 животи, а ако е некаква утеха, тоа е барем помалку од вчерашниот црн биланс од 791 лице.
Светските статистички податоци говорат и за голем број починати денеска и во Шпанија - 375, со што вкупната бројка е 1.756 и таа земја е трета по бројот на починати.
И во Иран нов црн биланс, 129 починати денеска од коронавирусот.
Загрижува бројката на жртви во САД, денеска биле 94, па сега се вкупно 396.
Високи бројки на нпочинати има и во Британија и во Холандија, 48 и 43.
Коронавирусот не престанува да зема жртви и во Кина, земјата каде се појави и каде сега нови заразени се „увезени“ од Европа. Денеска од оваа болест во таа земја починале 6 лица.
Вкупно во светот во последното деноноќие од коронавирусот починале 1.450 лица.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?





