Добивај вести на Viber
По контролата која што е спроведена на морската вода од црногорското крајбрежје е утврдено дека водата е чиста и со одличен квалитет. Како што соопшти менаџерката на ЈП „Морско добро“ Сандра Радуловиќ, проверката на 85 локации утврдила одличен квалитет на морската вода.
„Ова е резултат од третото редовно мерење на морската вода на јавните плажи. На 81 локација или на 95,2 отсто од местата, квалитетот на моррето е во рамките на првата класа, а на преостанатите четири локации е во рамките на втората класа“, изјави Радуловиќ за црногорските медиуми.