ЦУК ПОТВРДИ ДЕКА Е ИСПРАТЕНО СПЕЦИЈАЛНО ВОЗИЛО: Конвој од 25 возила со мали деца и трудници уште е заглавен на патото од Леуново кон Бунец
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2024
Конвој од 25 возила со мали деца и трудници уште е заглавен на патото од Леуново кон Бунец.
Повеќе возила, семејства со мали деца и бремени жени веќе неколку часа не можат да се пробијат кон Бунец затоа што патот не е исчистен, наведуваат дел од заглавените во објава на социјалните мрежи.
Од Центарот за управување со кризи(ЦУК) велат дека е испратено специјално возило со плуг. Додаваат дека за состојбата ги информирале Јавното претпријатие за државни патишта и Општина Маврово и Ростуше.
Силните врнежи од снег посериозно ја погодија дистрибутивната мрежа во реонот на Битола, Демир Хисар, Кичево, Македонски Брод и Гостивар.