02 Декември, 2024
0.0305

НА ЧЕКОР ДО ПРЕДВРЕМЕНО ВРАЌАЊЕ ДОМА: Ова може да се случи со неколку амбасадори

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Неколку амбасадори се на чекор до предвремено враќање дома.  Процените се дека овие амбасадори би требало да се вратат во Македонија во февруари до кога треба да ги завршат сите обврски во државата домаќин.

Девет амбасадори кои заминале на извршување на функцијата без да реферираат во собраниската Комисија за надворешна политика се на чекор до враќање во земјава, откако на денешната седница на Законодавно-правната комисија е потврдена можноста за отповикување на амбасадор да се толкува како одвоена постапка.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски поднесе иницијатива за автентично толкување на член од Законот за надворешни работи, а Владата даде позитивно мислење.

Ако оваа одлука помине и на собраниска седница, според неофицијалните информации, амбасадорите Мето Белески(Брисел), Катерина Ставревска (Лондон), Џенк Сејфула (Шведска), Пајо Авировиќ (Мисија на ОН во Виена), Емил Крстески (Прага), Јакуп Реџепи (Сараево), Агнеза Руси (Софија) и Зеќир Рамчиловиќ (Подгорица) ќе треба да се вратат во земјава бидејќи пред заминувањето не реферирале пред собраниската Комисија за надворешна политика.  Освен овие амбасадори, предвреме се враќаат и Љубомир Фрчкоски од Мисијата во ОН во Њујорк и Андреј Жерновски, кој веќе е повикан на консултации од Букурешт, Романија и веројатно нема да се врати назад. Во Скопје се врати и Весел Мемеди од Рим, и за него веќе е потврдено дека ќе остане дома.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

АЕРОЗАГАДУВАЊЕ: Во кои градови вечерва најтешко се дише?

АЕРОЗАГАДУВАЊЕ: Во кои градови вечерва најтешко се дише?

ЦУК ПОТВРДИ ДЕКА Е ИСПРАТЕНО СПЕЦИЈАЛНО ВОЗИЛО: Конвој од 25 возила со мали деца и трудници уште е заглавен на патото од Леуново кон Бунец

ЦУК ПОТВРДИ ДЕКА Е ИСПРАТЕНО СПЕЦИЈАЛНО ВОЗИЛО: Конвој од 25 возила со мали деца и трудници уште е заглавен на патото од Леуново кон Бунец

Вонреден инспекциски надзор во основното училиште во Челопек

Вонреден инспекциски надзор во основното училиште во Челопек

ДУИ СО РЕАКЦИЈА ЗА ОСТАВКАТА НА ДАМЕВА: „Драматичен момент“

ДУИ СО РЕАКЦИЈА ЗА ОСТАВКАТА НА ДАМЕВА: „Драматичен момент“

„НИШТО НЕ ОСТАНА ОД ВОЗИЛОТО“: обвинителот Бајрами за палењето на неговиот автомобил „се надевам брзо ќе се најде сторителот“

„НИШТО НЕ ОСТАНА ОД ВОЗИЛОТО“: обвинителот Бајрами за палењето на неговиот автомобил „се надевам брзо ќе се најде сторителот“

„ПОЛИТИЧАРИТЕ ТРЕБА ДА СФАТАТ ДЕКА СУДСКАТА ВЛАСТ Е НЕЗАВИСНА“: Дамева поднесе оставка од претседател на Судскиот совет

„ПОЛИТИЧАРИТЕ ТРЕБА ДА СФАТАТ ДЕКА СУДСКАТА ВЛАСТ Е НЕЗАВИСНА“: Дамева поднесе оставка од претседател на Судскиот совет

Запалени дуќан на функционер на ДУИ и автомобил на јавен обвинител во Куманово

Запалени дуќан на функционер на ДУИ и автомобил на јавен обвинител во Куманово

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

ЦУК: Туристи останале заглавени во хотелот „Радика“

ЦУК: Туристи останале заглавени во хотелот „Радика“