02 Декември, 2024
0.0926

„НИШТО НЕ ОСТАНА ОД ВОЗИЛОТО“: обвинителот Бајрами за палењето на неговиот автомобил „се надевам брзо ќе се најде сторителот“

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Се надевам во најскоро време ќе бидат пронајдени сторителот или сторителите, кажа денеска јавниот обвинител Џелал Бајрами, кој е сопственик на едно од опожарените возила во Куманово. Како што посочи самиот, неговото приватното возило е целосно оштетено во пожарот кој синоќа се случи во Куманово, каде исто така беа запалени уште едно возило, како и дуќан. 

- Пријавено е уште кога се случи настанот, од страна на соседите на кои во оваа прилика им се заблагодарам. Дојдена е противпожарната единица, припадници на полицијата. Изгаснат е пожарот, ништо не остана од возилото. На самото место излезе и дежурниот јавен обвинител, зедоа материјални докази за расветлување на настанот. Очекувам и се надевам дека брзо ќе се најдат сторителот или сторителите на оваа дело. Приватно е возилото, паркирано пред дворот од куќата пред влезната врата нема други штета, возилото целосно опожарено очекувам дека во најскоро време ќе бидат откриени лицето или лицата кои стојат зад настанот - изјави Бајрами.

Претходно ЈОРСМ информираше дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите каде беа опожарени два автомобили и една деловна просторија.

- Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од самото место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видеонадзор. Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од самото место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видеонадзор, велат од обвинителството.

Од СВР Куманово информираа дека во 03.20 часот во полицијата било пријавено дека бил опожарен деловен објект на улица „11 Октомври“, сопственост на М.Ј. од Куманово. Исто така, било пријавено дека биле опожарени три патнички возила на улиците „Трст“, „Вардарска“ и „Никола Вапцаров“ во Куманово, и тоа патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Џ.Б., патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на А.Е. и патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М. Ш, соопшти полицијата. Оттаму додаваат дека е увид извршила екипа од СВР Куманово, известен е и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Претходно, советникот од ДУИ во советот на општина Куманово, Фитор Јакупи на социјалните мрежи објави фотографии од опожарениот деловен објект од неговата фотокопирница. 

Фото: МИА

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Вонреден инспекциски надзор во основното училиште во Челопек

Вонреден инспекциски надзор во основното училиште во Челопек

ДУИ СО РЕАКЦИЈА ЗА ОСТАВКАТА НА ДАМЕВА: „Драматичен момент“

ДУИ СО РЕАКЦИЈА ЗА ОСТАВКАТА НА ДАМЕВА: „Драматичен момент“

„ПОЛИТИЧАРИТЕ ТРЕБА ДА СФАТАТ ДЕКА СУДСКАТА ВЛАСТ Е НЕЗАВИСНА“: Дамева поднесе оставка од претседател на Судскиот совет

„ПОЛИТИЧАРИТЕ ТРЕБА ДА СФАТАТ ДЕКА СУДСКАТА ВЛАСТ Е НЕЗАВИСНА“: Дамева поднесе оставка од претседател на Судскиот совет

Запалени дуќан на функционер на ДУИ и автомобил на јавен обвинител во Куманово

Запалени дуќан на функционер на ДУИ и автомобил на јавен обвинител во Куманово

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

ЦУК: Туристи останале заглавени во хотелот „Радика“

ЦУК: Туристи останале заглавени во хотелот „Радика“

ЕВЕ КАКО ДЕЦАТА ОД „7 МАРТ“ ГО СЛАВЕА ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Облечени во воени униформи, во позиција за пукање и со оружје во рацете

ЕВЕ КАКО ДЕЦАТА ОД „7 МАРТ“ ГО СЛАВЕА ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Облечени во воени униформи, во позиција за пукање и со оружје во рацете

„ПОЧИВАЈ ВО МИР, ГЕНЕРАЛЕ“: Ковачки се простува од екс началникот на Генералштабот на АРМ, Ѓорѓи Бојаџиев

„ПОЧИВАЈ ВО МИР, ГЕНЕРАЛЕ“: Ковачки се простува од екс началникот на Генералштабот на АРМ, Ѓорѓи Бојаџиев

ЛИДЕРОТ НА ДУЌАНЧИК ТВРДИ ДЕКА Е НЕВИН: Живее и работи во Дубаи

ЛИДЕРОТ НА ДУЌАНЧИК ТВРДИ ДЕКА Е НЕВИН: Живее и работи во Дубаи