Добивај вести на Viber
Cветска банка подготвува предлози за кинеската влада, кои вклучуваат приватизација на големите банки, како и дозвола на селаните да можат да ја продаваат земјата.
Овие препораки се дел од реформската програма на Cветска банка која работи заедно со еден од водечките кинески тинк-тенкови, Развоен истражувачи центар (DRC). Идејата е, програмата да се заврши до крајот на годината, односно до конгресот на Комунистичката партија, а ако се усвојат предложените мерки, тоа ќе биде голем исчекор на Кина кон капитализмот.
Иако нагласувањето на приватизацијата би можело да биде преголем залак за Кина, Cветската банка сака државата да ја поттикне на значајни чекори кои би треблао да го сопрат, во последно време, интензивното забавување на економскиот раст. Инаку, Кина и претходно барала од Банката економски совети. Тоа датира од периодот кога Кина почна да ја отвара својата економија и кога немаше домашни експерти за квалитетна економска анализа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.