Д-р. Алуловска: Ниту една терапија не е прекината или одложена, грижата за најмалите пациенти е на највисоко ниво
Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2020
Најголем дел од
здравствените установи, од самиот почеток на епидемијата со корона вирусот во
Македонија, успешно ги надминаа сите предизвици, со цел да се дадат сите
здравствени услуги на пациентите, а истовремено безбедноста од ковид да биде на
највисоко ниво. Во текот на годинава, која единствено ќе биде запаметена по
избувнување на пандемијата на Ковид-19, кој веќе однесе милииони животи, во
разговор Фактор, директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, д-р.
Наташа Алуловска, вели повеќе од 7 месеци, нивната работа е главно насочена на
подобрување на нивото на здравствени услуги, подобрување на условите за работа на
здравствениот кадар и престојот на пациентите, и едукација на здравствените
работници.
-Во почетокотна пандемијата со COVID-19, за прв пат во клиничкиот блок беше формиран Кризен штаб кој направи организациона структура со изолација за прием на пациенти суспектни на COVID, со тим на здравствени работници, медицинска апаратура и лекови. Нaбавена беше лична заштитна орема соодветна на нивоата на ризик, специјални заштитни маски, ракавици и мантили за една употреба за цел персонал, спроведени процедури и патеки за работа во амбулантски и хоспитални услови. Беа направени бројни обуки и истите беа спроведени како редовни процедури. Со тоа се постигна пациентите на клиниката да се безбедни и да нема случаи на ширење на инфекција. Ниту една терапија не беше прекината ниту одложена, вклучително хемотерапија, биолошка терапија, терапија со спинраза и сите специфични терапии кај ретките болести. Успеавме, први во клиничкиот блок да поставиме монтажен објект до анексот на клиниката, со цел да се одвојат пациентите кои доаѓаат незакажани а се ризични за COVID, со што се заштитија сите пациенти во субспецијалистичките амбуланти. Тоа се деца со хронични болести, со малигни болести, деца по трансплантација, имуносупримирани пациенти, новородени и слично. Прегледи редовно се закажуваат во системот мој Термин за сите амбуланти, се работат сите дијагностички процедури, вели директорката Алуловска.
Според неа, за да
се истрпи кризниот период, најважно од се е
вработените да имаат навистина одлични услови за работа, а самото тоа,
како што појаснува, води и кон попријатен престој на болничките одделенија на
малите пациенти.
-Беа реновирани субспецијалистичките амбуланти и просторот на Ургнетниот центар во кој се постави изолација за COVID суспектни пациенти. Се реновираше болничката аптека, пералната со нови машини за сушење и перење (вешот сега сме сигурни дека е санитетски исправен за користење). Клиниката со години нема парно греење на погорните катови (доенечките оддели), во овој период ја сменивме комплетно целата потстаница за парно и системот беше пренасочен на греење со пареа. Бојлерите кои исто како и парното датираат од изградбата на објектот (1984 година) и претставуваа огромен ризик по клиниката поради прегревање и ерозии исто така се заменети и се во процес на монтажа. Во млечната кујна се набавија казани за подготовка на млеката за храна на најмалите пациенти. Објектот е стар и бара постојани зафати за реновирање и реконструкција. За прв пат се менува кровот и во план е реновирање на административните простории и лабораторијата. Одделот за онкологија е во фаза на реновирање, каја во овој период поради вонредната состојба беше прекината, со цел да се изнајде начин истиот да се направи по најновите стандарди за третман на оваа најосетлива група пациенти, со систем за вентилација, медицински гасови и опремување на болнички простории со највисок степен на антибактериска заштита. Во тек е подотовка за реновирање на одделот за неонатологија каде се лекуваат најмалите пациенти на клиниката. Во однос на апаратурата, набавени се повеќе апарати, предност во селекцијата имаа апаратите кои користат и во респираторните инфекции меѓу кои и COVID-19. Набавивме машина за неинвазивна вентилација, пулсоксиметри и монитори,инфузиони пумни, инхалатори и аспиратори, како и безконтактни топломери. Набавена е и нова ламинарна комора за безбедно подготвување и растварање на цитостатска терапија за пациентите со малигни болести. Направено е осовременување во лабораториската дејност. Лабораторијата на клиниката нуди најголем обем на услуги, меѓу кои современи микробиолошки и молекуларни анализи за детекција на инфективни агенси со користење на PCR методата во различен биолошки материјал- респираторен панел, панел хемокултури, гастроинтестинален панел и панел менингити/енцефалити. Лабораторијата е осовремета со нов апарат за PCR алнализа на вирусни причинители во крв и автоматски анализатор за урина. Сите анализи и исте апарати се поврзани во лабораторисики информатички систем, а тој во системот амбулантско/болничко работење и во системот Мој термин, истакнува директорката Алуловска.
Како и секаде, и во Клиниката за детски болести, дел од здравствениот кадар, кој е во повозрасната група, ги користеше мерките за ослободување од работа, вели Алуловска, но нагласува дека работата во сите сегменти течеше организрано и без застој со постојана реорганизација и со вонреден напор од персоналот.
-Со персоналот постојано се работеше на полето на едукација и подршка особено на почетокот на кризата. Персоналот вклучен во работа со пациенти суспектни за COVID беше соодветно стимулиран и награден. За целокупниот здравствен и помошно-технички парсонал за прв пат по повеќе од десет години беа набавени нови работни униформи. Реализиран е прием на хигиеничерки, но сеуште постои потреба од овој кадар. Во тек е конкурс за прием на медицински сестри. Клиниката организира настани за подигање на свеста за малигни болести и презентација на резултатите од лекувањето. Последниот ваков настан беше со огромна радост прифатен кај нашите излекувани пациенти, семејствата и децата со малигни болести, нашите волонтери и целиот медицински тим. Работиме на констуркција на web страна, активни сме и видливи во медиумите и на социјалните мрежи со цел навремена и правилна информација кон нашите пациенти, колеги и пошироката јавност и секако со цел здравствена едукација на оваа целна група. Од поширок интерес за педијатриската служба во РСМ, работиме на имплементација на два проекти во соработка со Комитетот за безбедно мајчинство при Министерството за здравство. Едниот е проектот за неонатален транспорт а вториот е функционалана анализа на педијатриската служба во РСМ,со стратификација на нивоа на услуги во институциите и адекватно планирање на потребите од специјализации по педијатрија во сите нивоа на здравствена заштита, вели директорката Алуловска.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.