Д-р. Арбен Аголи: Јас сум добар, но стравувам за луѓето со кои контактирав
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Март, 2020
Се чувствувам добро, и покрај тоа што тестот
покажа дека сум позитивен на коронавирусот, јас се уште немам никави симптоми,
вели д-р. Арбен Аголи од Дебар, во телефонска изјава за Фактор. Д-р. Аголи,
колегата на прво заразениот д-р. Илбер Кокале, педијатар од Дебар, појаснува
дека неговиот колега првиот конаткт со заразени од коронавирусот го направил на
7 март, и само по неколку дена ги почувствувал симтомите.
Може ли да има повеќе заболени во овој синџир, бидејќи д-.р Аголи, несвесно и несакајќи уте нејколку дена имал контакти други луѓе, па и итни пациенти. На неговите настојувања да направи тестови, му било кажано да почека уште неколку денови.
-На 11 март, колегата веќе имаше мала малаксаност, изгледаше уморно, по што го направи и тестот кој се покажа дека е позитивен. Јас немав симптоми, па ме советуваат да почекам неколку дена за да се тестирам. Тие денови, кога останав сам, ординацијата практично и не работеше, но сепак примав итни случаи, а имав и контакт со други луѓе, се поздравував и така натаму. По 5-6 дена повторно исистирав на тестирање, по што, за жал и мојот тест се покажа дека е позитивен на вирусот, вели д-р. Аголи.
Сега д-р. Аголи е во домашна самоизолација, и вели дека не се плаши, бидејќи нема други пропратни заболувања и некакви сериозни медицински состојби. Единствено стравува за неговата мајка, која е повозрасна жена.
-Не се плашам, мојот организам е здрав. Немам ниту срцеви заболувања, дијабетес, астма, или пак канцер. Ако мие се влоши стсотојбата, моите колеги, пријатели и од Дебар и од Клинииките од Скопје се подготвени веднаш да дејствуваат. Моето семесјтво од синоќа е исто така во изолација, а направени се тестови и на сопругата, на синот и снаата и на мајка ми. За неа најмногу се плашам, бидејќи е повозрасна жена.
Д-р. Аголи напомена и дека сите што се во самоизолација во Дебар, три пати во текот на денот, се проверувани од страна на полициски службеници, нагласувајќи дека сите кои се во домашен карантин ги почитуваат мерките.
Анита Буховски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.