Д-Р. МАЈА ПАНАЈОТОВИЌ: Полиците со витамини се празнат, витамиот Д-3 е најсилниот зајакнувач на имунитетот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Март, 2020 07:40
Во последните неколку недели сме сведоци на големите гужви во маркетите,
редиците пред помалите продавници за храна и пред аптеките. Се купува во
паника, а пандемијата од коронавирусот направи листа на најродавани производи.
На врвот во супермаркетите се брашното, тестенините, маслото и тоалетната
хартија, додека пак во дрогериите најмногу се продаваат средствата за
дезинфекција, маските, ракавиците и витамините. Граѓаните во Скопје се пожалија
дека во повеќе веледрогерии не може да се најдат витамин Ц и витамин Д3.
-Поминав во неколку маркети на ДМ и во неколку аптеки. Полиците со витамини се буквално празни. Не можам да најдам никаде витамин Ц со продолжено дејство и Витамин Д3, она што сега слушаме од докторите дека е најпотребно. За жал, во моментов немаат, вели Ида Стојановска од Скопје.
Лекарите пак велат дека имунитетот не се гради преку ноќ, па сега кога владее паниката во светот, луѓето наеднаш сакаат да внесат што поголеми количества витамини. Д-р. Маја Панајотовиќ, специјалист по медицина на трудот вели дека за силен имунитет, кој може да се избори со вирусни инфекции, потребно е подолго време континуирано да се внесуваат витамините.
-Кога беше епидемијата на свинскиот грип, витаминот Д3 се препорачуваше задолжително, како еден од најсилните имунобустери. За жал, моите студии покажуваат дека дури 60 проценти или 1 милијарда од вкупната популација во светот има ниско ниво на витамин Д3. А, дефицитот на витамин Д е најчест кај постарите луѓе поради намалениот внес преку храната и малата изложеност на сонце. Токму затоа, и најголемиот број починати од коронавирусот во светот се луѓе над 60 години, кои немаат силен имунитет и имаат други здравствени состојби. Тие едноставно не може да се изборат со болеста, вели д-р. Панајотовиќ.
Таа појаснува дека новите лабораториски истражувања се повеќе ја докажуваат улогата на витаминот Д во превенција и лекување на многу други болести: превенција и лекување на дијабетес, превенција на хипертензија, зголемено ниво на холестерол, превенција на хронична обструктивна болест, астма, бронхитис, алергиски ринитис, како и превенција од сезонски грип и други заболувања на имуниот систем. Според истражувањата на д-р. Панајотовиќ, потребните дневни дози од витамин Д се 600IE – 800IE. Кај повозрасната популација и кај луѓето со остеопороза дозите можат да се зголемат и до 2000IE без никакви опасности по здравјето.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




