Д-Р ВЕЛО МАРКОВСКИ ИМА НОВ ТАЛЕНТ - ја испеа патриотската „Налеј налеј“, како поддршка на уставобранителите
Објавено во: Македонија 06 Мај, 2021
Инфектологот Вело Марковски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, повторно е актуелен во јавноста.
Имено, покрај медицината, тој на граѓаните во земјава им откри и еден свој друг талент, а тоа е музиката.
Имено, тој ја испеа патриотската песна „Налеј Налеј“, и, како што напиша на својот фејсбук профил, неговата прва испеана песна е во поддршка на, како што тој ги нарекува, уставобранителите.
„Поддршка за уставобранителите и сите неправедно затворани со мојата прва испеана песна“, напиша д-р Вело Марковски на својот фејсбук профил.
Овде може да ја слушнете неговата интерпретација.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.