Да им се помогне на мигрантите во Македонија, Србија и Грција со пренос во други земји
Објавено во: Македонија, Балкан 19 Јануари, 2017 15:32
Европската унија и националните власти на земјите-членки на Унијата да обезбедат итна помош за да им помогнат на мигрантите и бегалците во справувањето со ниските температури и снегот во неколку делови на Европа, Македонија, Грција и Србија како земји каде има „неприфатливи услови“.
Ова го порачаа пратениците во Европскиот парламент. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во исто време, европратениците ги повика владите на ЕУ-земјите да ги исполнат своите ветувања за пренос на илјадници баратели на азил во други земји, особено од Грција.
Неколку говорници на седница на Европарламентот повикаа да се послуша очајниот повик на бегалците што се на грчките острови, но како што наведоа „и во други земји, како што се Србија и Република Македонија“ и европратениците посочија дека е „неприфатливо“ што не се реагира, прашувајќи „ колку луѓе треба да умрат од студ за ЕУ да реагира“.
Досега се преселени само 6% од 160.000 баратели на азил, кои треба да се преселат од Грција и Италија.
ЕУ издвојува доволно пари за да и помогне на Грција да се справи со досега невидените услови, но посочи дека „некои слабости на теренот не дозволиле парите добиени од Брисел да се искористат на најдобар можен начин“.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




