Да му дадеме шанса на малиот Кирил Пеев и тој да ужива во прекрасниот свет во кој живееме
Објавено во: Мои пари 08 Октомври, 2015 22:55
Секој од нас може да прескокне едно кафе во омилениот кафе бар и да се јави на бројот 070 143 107 (за корисниците на Т-мобиле) или 077 143 404 (за корисниците на ВИП) притоа ќе донирате за спас на еден млад живот.
Споделете ја оваа информација со вашите пријатели и на тој начин помогнете му на Кирил и на неговите родители во борбата која што им претстои.
Ви го пренесуваме писмото во целост.
Почитувани,
На нашиот син Кирил, на 10 месечна возраст му беше дијагностициран цистичен тумор на мозок. По отстранувањето на туморотна 02.09.2015 во Универзитетската Клиника Charite во Берлин, Германија, беше констатирано дека се работи за исклучително редок тип на малиген тумор на мозок (примарен недиференциран сарком). За да се спречи понатамошното ширење на овој брзорастечки тумор, потребна е итна хемотерапија. Заради возраста, неопходно е вградување на интратекална пумпа и примање на хемостатиците директно во мозокот.
Вградувањето на интратекалната пумпа и циклусите на примање на хемостатиците ќе се извршат во истата клиника каде што беше опериран Кирил, Универзитетската Клиника Charite во Берлин.
Имајќи предвид дека севкупната терапија чини 150 000 евра, ве молиме за било каква парична помош со што би му пружиле шанса за живот на нашиот син.
Телефонски броеви за донации
За корисниците на Т-мобиле: 070 143 107 За корисниците на ВИП: 077 143 404
Средствата може да ги донирате на следнава сметка:
Комерцијална банка Број на сметка: 300001000023864 Назив: КИРИЛ ПЕЕВ СКОПЈЕ – ХУМАНИТАРНА СМЕТКА Даночен број: 2410014450050
Сметка за донации од странство:
BIC:KOBSMK2X IBAN:MK07300307062856559 Адреса: Ул. Франклин Рузвелт бр.8/1-2 Скопје
Ви благодариме однапред за хуманоста, Маја и Александар Пееви
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




