Да се носат маски и по дома, советува СЗО
Објавено во: Свет, Корона Вирус 02 Декември, 2020
Светската здравствена организација (СЗО) излезе со нова препорака за заштита од коронавирусот.
Велат дека луѓето треба да носат маски и дома за да ја спречат заразата со коронавирус кога доаѓаат кај нив гости однадвор, а не можат да одржуваат социјална дистанца. Маските треба да се носат дома за време на посетата, ако не е јасно дали просторијата е добро проветрена, според новите упатства објавени денеска во Женева. СЗО претходно бараше носење маски во преполни јавни простори. Здравствената организација на ООН сега препорачува поширока употреба на маски во здравствените установи. Персоналот и другите работници кои не се вклучени во болничката нега се ставени на списокот на луѓе кои треба постојано да ги покриваат носот и устата. Пациентите треба да носат маски во ситуации кога ќе дојдат во близок контакт со други луѓе.
Во светот има 64.5 милиони луѓе заразени со коронавирусот. Во некои држави веќе има и трет бран на коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.