ДА СЕ СЛЕДИ ПРИМЕРОТ: Аеродром ќе ги даде бадниковите дрва на семејства од социјални категории
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2016
Општина Аеродром оваа година бадниковите дрва ќе ги пренамени за семејства од социјално ранливите категории, наместо за бадникови огнови.
Ова е барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ при Советот на Општина Аеродром, кое денеска беше доставено до Општината, но исто така и на голем број граѓани поради големата загаденост на амбиенталниот воздух.
Затоа, Општина Аеродром одлучи барањето да го стави како посебна точка на дневен ред на 60-та седница на Советот на Општината, која ќе се одржи во понеделник и доколку предлогот го прифати мнозинството советници, Општината ќе се обрати до Министерството за труд и социјална политика да овозможи пристап до список на лицата од социјално ранливите категории кои живеат на територијата на Општина Аеродром.
Овој пример би требало да го следат сите општини кои организираат ваква традиција.