Добивај вести на Viber
Независниот полициски синдикат бара враќање на средното полициско училиште.
Главна причина за тоа, е според нив, се послабиот просечен успех на кандидатите за полицајци во Центарот за обука во МВР.
Па така, ако тие во 2014/2015 година имале освоено 597 бода, во 2021/2022 година добиле само 524 бода.
За тоа презентираат и графички приказ, од кој се гледа како низ изминативе години се нсамалувал бројот на освоените бодови на полицајците.
„Не можеме да очекуваме промена на подобро, а притоа да не создаваме квалитетни кадри кои треба да ги донесат промените.
Политиката на поставување Помошници на министерот во Центарот за обука директно од партиските штабови го доведе Министерството до состојба да секоја година го поместуваме дното од постигнатиот успех на претходните генерации.
Едно од главните барања на Независниот синдикат на полицијата е целосно реформирање на образовниот процес и конечно враќање на средното полициско училиште кое е повеќе од нужна потреба“, пишуваат од Независниот полициски синдикат во својот статус на фејсбук.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.