ДА СУМ НА МЕСТОТО НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ НА АНТИВАКСЕРИТЕ ЌЕ ИМ КАЖАМ: Не се вакцинирајте, забавувајте се и патувајте, но ако се разболете ќе ве лекуваме колку што знаеме и можеме
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2021 11:29
Професорот Дејан Трајковски од Техничкиот Универзитет во Битола во неговата последна анализа, пишува за ефикасноста на вакцините против корона вирусот.
Неговите проценки се дека ако се влезе во болница, како невакцинирани постојат 28% шанси за смртен исход во македонските болници.
-Со вакцини го намалуваме ризикот за цели 18 пати (3,52%/0,19%). Да допуштиме можност дека поради малку тестирања стапката од 3,52% кај нас била преценета, но дури и при двојно повеќе тестирања би имале за десетина пати помал леталитет со примена на вакцините.
Кога би бил на местото на здравствените власти, познавајќи го менталитетот на нашето население (коешто е недоверливо кон секоја власт) не би вршел ниту агитација за вакцинација, ниту би вовел задолжителна вакцинација...Па кој сака да се коцка со веројатноста, слободно може да го прави тоа, нема да се (раз)убедуваме. Всушност, власта тоа „кревање раце“ суптилно и го прави. Кога велат дека „единствениот начин да се справиме со Делта сојот е вакцинацијата“, тие на културен начин всушност им порачуваат на антиваксерите: „Немаме намера да се убедуваме со вас. Не се вакцинирајте, забавувајте се и патувајте колку што сакате, не се тестирајте, не пријавувајте контакти и шетајте заразени наоколу. Ви донесовме вакцини и ви кажавме што треба да направите, ама вие сето тоа го фрливте под нозе. Не верувате во наука, верувате во теории на заговор. Возрасни сте, имате разум и самите одлучувате, ама утре ако се разболите ќе ве лекуваме колку што знаеме и можеме, во нашите македонски услови. Заради вас нема да ја жртвуваме ни економијата ни удобноста на другите граѓани што се поразбрани од вас. Од денеска, каква ви глава - таква ви капа. Тоа што сте си дробеле - тоа и ќе го сркате. Нека ви е Господ на помош!, пишува професорот Трајковски.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




