Добивај вести на Viber
На денешен ден, 1991-та, со моето пенкало дадов мал придонес Македонија да стане независна држава.
Десет години подоцна, во 2001-та, со едно друго, малку поголемо пенкало (види слика), дадов крв и парче месо од моето тело за Македонија да остане цела. Добро, не баш цела, но барем во тогашните граници.
Ова го напиша утрово директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на неговиот Фејсбук профил, секако по повод годишнината од осамостојувањето на Македонија.
- Последниве години од пенкала се префрлив на хеликоптери и авиони, а понекогаш и зелена бушава гранка. Повторно ја пазам Македонија, овојпат да не изгори цела. Одвреме навреме се борам со оштетени мостови, поплави и надојдени води а од планините спасувам и по некој повреден човек.
Нека ни е честит 8 Септември, денот на независноста на Македонија! - напиша Ангелов.