08 Септември, 2024
0.0253

Филипче: Држава се наоѓа пред многу искушенија - мораме да го зачуваме она што е стекнато со многу труд

Објавено во: Македонија 08 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Денешниот 8 Септември и 33 години независност на нашата Македонија нѐ потсетуваат на силата, единството и храброста што ја имавме кога го избравме патот на суверенитет и самостојност.

Нашата држава денес се наоѓа пред многу искушенија, кои бараат од нас да покажеме уште поголема зрелост, сплотеност и одлучност. Пред нас се моменти кога мораме да го зачуваме она што е стекнато со многу труд – демократијата.

Ова го посочува лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. Истакнатиот неврохирург и поранешен министер за здравство посочува оти „изминатите 33 години, нашата татковина се изгради како независна, суверена држава, одлучна да го заземе своето место на европската и на светската сцена“.

- Овој пат не беше лесен и беше исполнет со предизвици, но и со многу достигнувања. Патот што го избравме пред три децении е потврда на нашата колективна волја за достоинство и просперитет.

Во овие три децении, Македонија ги зајакна своите институции, ја обезбеди својата меѓународна позиција и создаде услови за економски и социјален напредок.

Во ова време на нови предизвици поврзани со понатамошниот пат по кој ќе се движи Македонија, време е нашата сила и способноста на нашите граѓани да ја искористиме за да ја надминеме секоја препрека што стои на патот кон подобро утре.

Пред нас е одговорноста да ја продолжиме изградбата на општество каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности, а нашата земја ќе биде пример за стабилност, толеранција и напредок.

Честит 8 Септември! - напиша Филипче.

Еве ја неговата објава:


Можеби ќе ве интересира

ТРИ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА - тешка сообраќајка на патот Куманово - Крива Паланка

ТРИ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА - тешка сообраќајка на патот Куманово - Крива Паланка

„САМО 30 ОТСТО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ГИ ИСПОЛНУВААТ РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ“: Минчев вели реформите во јавната администрација се почнати

„САМО 30 ОТСТО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ГИ ИСПОЛНУВААТ РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ“: Минчев вели реформите во јавната администрација се почнати

„Заедно ја градиме државата во која владеат правото и правдата“: Тошковски за празникот вели „криминалот не се исплати“

„Заедно ја градиме државата во која владеат правото и правдата“: Тошковски за празникот вели „криминалот не се исплати“

„Мора да се победи разочарувањето кое ни го оставија и криминалот и корупцијата“: премиерот со посебна честитка за 8 Септември

„Мора да се победи разочарувањето кое ни го оставија и криминалот и корупцијата“: премиерот со посебна честитка за 8 Септември

ДЕНЕС НЕМА ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ - еве каде има пренасочување на сообраќајот

ДЕНЕС НЕМА ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ - еве каде има пренасочување на сообраќајот

„НИ НЕДОСТАСУВА СИЛНО ОБРАЗОВАНИЕ, СТОПАНСТВО СО СТРАТЕГИЈА, ЗДРАВСТВО ПОДГОТВЕНО ДА НЕ ЛЕЧИ“: Димовски за независноста

„НИ НЕДОСТАСУВА СИЛНО ОБРАЗОВАНИЕ, СТОПАНСТВО СО СТРАТЕГИЈА, ЗДРАВСТВО ПОДГОТВЕНО ДА НЕ ЛЕЧИ“: Димовски за независноста

ТРИ ГОДИНИ ОД ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО - 14 луѓе загинаа, десетина беа повредени

ТРИ ГОДИНИ ОД ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО - 14 луѓе загинаа, десетина беа повредени

„ДАДОВ КРВ И ПАРЧЕ МЕСО ЗА МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ ЦЕЛА“: Ангелов за годишнината „се префрлив на хеликоптери и авиони“

„ДАДОВ КРВ И ПАРЧЕ МЕСО ЗА МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ ЦЕЛА“: Ангелов за годишнината „се префрлив на хеликоптери и авиони“

МАНАКИ Е ОЛИМПИЈАДА ЗА КИНЕМАТОГРАФЕРИТЕ: Дамевски „државата треба да избере проекти кои ќе и дадат видливост за земјата“

МАНАКИ Е ОЛИМПИЈАДА ЗА КИНЕМАТОГРАФЕРИТЕ: Дамевски „државата треба да избере проекти кои ќе и дадат видливост за земјата“