„Тие што ја посадија семката на коцкањето се обидуваат да ја дефокусираат јавноста“: Вреди најавува нов закон за намалување на казината
Објавено во: Македонија 07 Септември, 2024 19:21
Наместо да се извинат што се фатени 100:0 во криминал со интернет коцкарници, таканарачениот Европски фронт си нарачува прилози за пропаднати законски решенија кои беа поднесени за да го покријат барањето за автентично толкување на ВЛЕН.
Граѓаните се свесни за дволичноста на лажните моралисти, кои немаат храброст да го осудат последниот мега-скандал – апсењето на Сафет Мифтари, нивен кадар од Боговиње, фатен на дело како нелегално организира онлајн игри на среќа.
Ова го посочуваат од партијата „Вреди“ (Влен) која е дел од актуелната владина коалиција. Укажуваат дека „тие што ја промовираа културата на коцкање во секој агол на нашето општество, сега се обидуваат да го тргнат фокусот од своите внатрешни скандали“.
- Ова е нивното вистинско лице! Тие што ја посадија семката на коцкањето во нашите домови, сега се обидуваат да го дефокусираат јавното мислење преку нивните контролирани мегафони. Европскиот фронт не ја поддржа нашата иницијатива за автентично толкување на законот за игрите на среќа, бидејќи тоа директно би ги нарушило нивните криминални интереси. Апсењето на Сафет Мифтари е јасен доказ за нивната вмешаност во овие нелегални активности - нагласуваат од „Вреди“.
Додаваат дека тие се „единствената политичка сила која е посветена на целосно отстранување на коцкањето од нашите домови, додека ДУИ и нејзините сателити, преку нивното 22-годишно владеење, создадоа правни сопки кои го оневозможуваат тоа“.
- Нивни највисоки партиски кадри се главните одговорни за инсталирањето на оваа болест која ги уништува нашите семејства. ВЛЕН има јасен план, а автентичното толкување е само првиот чекор. Потоа, ќе се справиме со криминалот создаден од поранешната влада и Државната лотарија. Во разумен рок ќе предложиме нов закон кој ќе го намали бројот на казина најмалку за половина - истакнуваат од „Вреди“.
Можеби ќе ве интересира
„ОД ЕДНА ПРОФЕСОРКА, СЕПАК СЕ ОЧЕКУВА БАРЕМ ОСНОВНО ПОЗНАВАЊЕ НА МАТЕРИЈАТА“: Османи за Силјановска Давкова

ДА СЕ УГЛЕДАМЕ НА ЉУБЉАНА: Македонија нема доволно зеленило и тоа скапо ќе го чини здравјето на луѓето

СЕ ОЧЕКУВА ДА ПАДНЕ И СНЕГ! Попоски соопшти дека ни доаѓа огромна промена на времето

„ЧЕКАЈТЕ СЕГА, СО КОГО СМЕ?“ Жерновски прашува „што стана со новото нормално на Мицкоски“

СЕ ОГЛАСИ ГИТАРИСТОТ НА ДНК ПОСЛЕ НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ: Колку што сум среќен, толку сум и тажен

„СРЕДЕ СКОПЈЕ КОШТА ГИ ТОРПЕДИРАШЕ ЗАМАЈУВАЊАТА НА ПРОПАГАНДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Величковски за гостувањето на Кошта во земјава и неговите изјави

„ТАРАВАРИ ИМАЛ БЕЛ ЛИСТ ЗА ДА НАПИШЕ КОЛКУ ОПШТИНИ САКА“: Муртезани за довчерашниот коалиционен партнер

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Крешник Бектеши оди во куќен притвор

ЛАЖНА ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО СКОПЈЕ: Концертот ќе продолжи
