08 Септември, 2024
0.0337

„НИ НЕДОСТАСУВА СИЛНО ОБРАЗОВАНИЕ, СТОПАНСТВО СО СТРАТЕГИЈА, ЗДРАВСТВО ПОДГОТВЕНО ДА НЕ ЛЕЧИ“: Димовски за независноста

Објавено во: Македонија 08 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Прогласивме независност, не добивме слобода. Прогласивме државност, не добивме матица. Прогласивме самостојност, не добивме право на самоопределување. 33 години независна и самостојна држава е голем успех.
Со овие зборови го започна својот пост на Фејсбук македонскиот политичар Илија Димовски по повод независноста на Македонија. По што продолжи:
Но е само етапа и чекор кон остварување на правата на македонскиот народ и Македонците.

Ни недостасува силно образование, компететивно со најдобрите, а не со прв универзитет изгубен низ ранг листите.

Ни недостасува стопанството со стратегија, растеретно од државните товари измислени за постоење на разно разни непотребни институции.

Ни недостасува земјоделие, спремно да создаде храна потребна барем за наша исхрана.

Ни недостасува култура, ослободена од шундот на соседите.

Ни недостасува армија, спремна да не одбрани.

Ни недостасува здравство, подготвено да не лечи.

Ни недостасува екологија и хигиена, потребна за да живееме во чиста средина.

Ни недостасува систем кој ќе ги наградува најдобрите, а ќе ги посрамотува манипулаторите, неспособните и нечесните.

Ни недостасува правда.

Ни недостасува успех.

Да мислиме на тоа.

Нека е честит денот на независноста на Република Македонија!

Нека е вечна идејата за слобода на Македонија! - заклучува Димовски.

Еве ја неговата објава:


Фото: Принтскирн/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ТРИ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА - тешка сообраќајка на патот Куманово - Крива Паланка

ТРИ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА - тешка сообраќајка на патот Куманово - Крива Паланка

„САМО 30 ОТСТО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ГИ ИСПОЛНУВААТ РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ“: Минчев вели реформите во јавната администрација се почнати

„САМО 30 ОТСТО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ГИ ИСПОЛНУВААТ РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ“: Минчев вели реформите во јавната администрација се почнати

„Заедно ја градиме државата во која владеат правото и правдата“: Тошковски за празникот вели „криминалот не се исплати“

„Заедно ја градиме државата во која владеат правото и правдата“: Тошковски за празникот вели „криминалот не се исплати“

Филипче: Држава се наоѓа пред многу искушенија - мораме да го зачуваме она што е стекнато со многу труд

Филипче: Држава се наоѓа пред многу искушенија - мораме да го зачуваме она што е стекнато со многу труд

„Мора да се победи разочарувањето кое ни го оставија и криминалот и корупцијата“: премиерот со посебна честитка за 8 Септември

„Мора да се победи разочарувањето кое ни го оставија и криминалот и корупцијата“: премиерот со посебна честитка за 8 Септември

ДЕНЕС НЕМА ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ - еве каде има пренасочување на сообраќајот

ДЕНЕС НЕМА ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ - еве каде има пренасочување на сообраќајот

ТРИ ГОДИНИ ОД ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО - 14 луѓе загинаа, десетина беа повредени

ТРИ ГОДИНИ ОД ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО - 14 луѓе загинаа, десетина беа повредени

„ДАДОВ КРВ И ПАРЧЕ МЕСО ЗА МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ ЦЕЛА“: Ангелов за годишнината „се префрлив на хеликоптери и авиони“

„ДАДОВ КРВ И ПАРЧЕ МЕСО ЗА МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ ЦЕЛА“: Ангелов за годишнината „се префрлив на хеликоптери и авиони“

МАНАКИ Е ОЛИМПИЈАДА ЗА КИНЕМАТОГРАФЕРИТЕ: Дамевски „државата треба да избере проекти кои ќе и дадат видливост за земјата“

МАНАКИ Е ОЛИМПИЈАДА ЗА КИНЕМАТОГРАФЕРИТЕ: Дамевски „државата треба да избере проекти кои ќе и дадат видливост за земјата“