08 Септември, 2024
0.0548

ЌЕ „ЛОВИМЕ“ НОВИ АВИОПРЕВОЗНИЦИ СО ПОГОЛЕМИ СУБВЕНЦИИ: 9 евра за патници на скопскиот аеродром и 12 за охридскиот

Објавено во: Македонија 07 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Условите за субвенционирање на авиопревозот се менуваат, но се зголемуваат и финансиите. 

Владата очекува раст на бројот на патници со новиот модел, но дали тоа навистина ќе се покаже успешно, допрва ќе видиме. 

Новиот повик за финансиска поддршка за нови дестинации од аеродромите Скопје и Охрид за периодот 2025-2027 година е објавен, а со него како што најавија надлежните ќе се субвенционира дестинација, а не како досега на авиокомпанија.

Финансиската поддршка ќе се доделува според следниов редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, како и број на седишта понудени на продажба.

Државата ќе плаќа 9 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје, а 12 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Секоја нова дестинација за која се доделува финансиската поддршка, а ќе оперира од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид, не треба да биде опслужувана во редовен превоз во последните две ИАТА сезони.

Авиопревозникот кој е избран за корисник за финансиска поддршка е должен секоја нова дестинација воспоставена до/од аеродромите во Скопје и Охрид, за која се доделува оваа финансиска поддршка да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните според однапред утврден ред на летање, да изработи план за промоција и маркетинг на предложените дестинации, како и на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството за транспорт.

Во рамки на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари. Крајниот рок за доставување на барањата за учество во постапката е 7 октомври до 10:00 часот. 

Може да аплицираат  сите заинтересирани авиокомпании кои поседуваат уверение за исполнување безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз, имаат превезено најмалку 5 милиони патници во 2023 година и имаат остварено профит од минимум 10 милиони евра во 2023 година.

Владата пред една недела усвои сет мерки за зголемување на бројот на патници на аеродромите и најави нова тригодишна програма за финасиска поддршка што ќе стартува од 1 јануари.  Зголемена е поддршката од седум евра по превезен патник од скопскиот аеродром на девет евра и од 4,5 евра на 12 евра на охридскиот аеродром по превезен патник.

Со промените во доделувањето субвенции, според министерот Александар Николоски, се решава проблемот со зависност од една авиокомпанија. Токму тоа, според него, е причината за намалувањето на патници од Скопскиот и Охридскиот аеродром од над 330 илјади патници годинава заради проблемот што го има „Визер“ со сопствените авиони, што на ниеден начин не е поврзан со состојбата во земјава.

Порталот EX-YU aviation news неодамна објави дека нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер во четвртот квартал годинава од Скопскиот аеродром ќе го намали капацитетот за превоз на патници за 22,6 проценти, односно за 125.726 седишта помалку од минатата година. Од Охридскиот аеродром, пак,  бројот на слободни места ќе се намали за 32,6 проценти или 17.858. 

Виз Ер, како што стои во објавата, продолжува да го намалува расположливиот капацитет на седишта на речиси сите пазари во поранешна Југославија во текот на четвртиот квартал во споредба со истиот период од минатата година. На балканскиот пазар се намалуваат 330.000 седишта. 

Финансиска поддршка во авиосообраќајот во државаа се доделува од 2012 година од кога беа склучени три последователни тригодишни договори со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз Ер“.  

По основ на финансиска поддршка на „Виз Ер“ во 2012 година му се исплатени 25,6 милиони денари, во 2013 година 75,4 милиони, а 135 милиони денари во 2014 година. Во 2015. се исплатени 40 милиони, во 2016 и 2017 по околу 104 милиони денари, во 2018 година износот е 43,8 милиони, во 2019 година 66,5 милиони. 

Во 2020 износот на исплатени средства за субвенционирани летови е 21 милион денари, во 2021 година 10,4 милиони, а во 2022 година не се исплатени средства. 

Договорот беше суспендиран во периодот додека траеше короната, поради што во 2020 и 2021 се исплаќаа средства за остварени приходи од 2019 година. 

Последниот од трите договори со „Виз Ер“ заврши на 1 март 2022 година, по што претходната Влада го промени моделот за финансиската поддршка  отворајќи можност да се склучи договор со повеќе авиокомпамнии. 

По првиот неуспешен повик беше објавен нов повик  и на 13 април минатата година Владата склучи договори со „Луфтханза“  за нова авиолинија од Скопје  до Франкфурт и со „Виз Ер“ за летови од Скопје до Луксембург, Штутграт, Салцубург и Љубљана. Сепак, од овие линии, само дел стартуваа, дел и понатаму не се активирани. 

Можеби ќе ве интересира

„Заедно ја градиме државата во која владеат правото и правдата“: Тошковски за празникот вели „криминалот не се исплати“

„Заедно ја градиме државата во која владеат правото и правдата“: Тошковски за празникот вели „криминалот не се исплати“

Филипче: Држава се наоѓа пред многу искушенија - мораме да го зачуваме она што е стекнато со многу труд

Филипче: Држава се наоѓа пред многу искушенија - мораме да го зачуваме она што е стекнато со многу труд

„Мора да се победи разочарувањето кое ни го оставија и криминалот и корупцијата“: премиерот со посебна честитка за 8 Септември

„Мора да се победи разочарувањето кое ни го оставија и криминалот и корупцијата“: премиерот со посебна честитка за 8 Септември

ДЕНЕС НЕМА ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ - еве каде има пренасочување на сообраќајот

ДЕНЕС НЕМА ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ - еве каде има пренасочување на сообраќајот

„НИ НЕДОСТАСУВА СИЛНО ОБРАЗОВАНИЕ, СТОПАНСТВО СО СТРАТЕГИЈА, ЗДРАВСТВО ПОДГОТВЕНО ДА НЕ ЛЕЧИ“: Димовски за независноста

„НИ НЕДОСТАСУВА СИЛНО ОБРАЗОВАНИЕ, СТОПАНСТВО СО СТРАТЕГИЈА, ЗДРАВСТВО ПОДГОТВЕНО ДА НЕ ЛЕЧИ“: Димовски за независноста

ТРИ ГОДИНИ ОД ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО - 14 луѓе загинаа, десетина беа повредени

ТРИ ГОДИНИ ОД ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО - 14 луѓе загинаа, десетина беа повредени

„ДАДОВ КРВ И ПАРЧЕ МЕСО ЗА МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ ЦЕЛА“: Ангелов за годишнината „се префрлив на хеликоптери и авиони“

„ДАДОВ КРВ И ПАРЧЕ МЕСО ЗА МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ ЦЕЛА“: Ангелов за годишнината „се префрлив на хеликоптери и авиони“

МАНАКИ Е ОЛИМПИЈАДА ЗА КИНЕМАТОГРАФЕРИТЕ: Дамевски „државата треба да избере проекти кои ќе и дадат видливост за земјата“

МАНАКИ Е ОЛИМПИЈАДА ЗА КИНЕМАТОГРАФЕРИТЕ: Дамевски „државата треба да избере проекти кои ќе и дадат видливост за земјата“

МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖУВА ДЕН НА НЕЗАВИСНОСТА - 33 години самостојна држава, низа проблеми и тешкотии

МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖУВА ДЕН НА НЕЗАВИСНОСТА - 33 години самостојна држава, низа проблеми и тешкотии