16 Јуни, 2025
0.0266

„ДА СЕ ИСТРАЖИ КАКО Е ИЗБРАНА ФИРМА ЗА НАДЗОР НАД КОРИДОРИТЕ 8 И 10“: Николоски вели до крај на 2026 ќе се вози по автопат кон Охрид

Објавено во: Македонија 07 Септември, 2024 15:59

Добивај вести на Viber

До крајот на 2026 година граѓаните ќе возат по новиот автопат Кичево - Охрид, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски.

Во интервју за неделникот „Фокус“, тој нагласува дека постојат бројни проблеми за изградба на автопатот, бидејќи се работи за земјиште што не одговара со класичните геолошки стандарди за изградба на автопат, но како што вели, нема да ја заморува јавноста со проблемите со кои се соочува Министерството.

- Има бројни проблеми, но реков дека нема да ја заморувам јавноста со проблеми, затоа што јавноста е уморна од изговори, но она што може да го кажам дека зборот ќе го држиме и до крај на 2026 година ќе имате функционален автопат Кичево – Охрид. Во однос на косините, се соочуваме со неколку проблеми. Се работи за исклучитечно тежок планински терен. Ние сакаме да ја претставуваме Македонија како земјоделска држава, но 80 проценти се планини кога ќе ја видите мапата. И се работи за земјиште што не одговара на она што се класични геолошки стандарди за изградба на автопат - вели Николоски. 

Прашан зошто не се направени геолошки истражувања кога се проектирала трасата, Николоски вели направени се грешки во проектирањето, како и во изведбата.

- Е тоа е вториот проблем. Направени се многу грешки во проектирањето, но направени се грешки и во изведбата. Јас сега ги барам решенијата и ќе го решиме проблемот. Тоа што го кажав на охридски сега ќе го кажам литературно - што ќе правиме ќе правиме, но до крај на 2026 година ќе имаме функционален автопат - вели Николоски. 

Николоски во интервјуто исто така посочува дека мора да се истражи како за надзорот над Коридорите 8 и 10 број 1 компаниите од САД и Франција губат од компанија од Италија која никој не ја познава, предметот е во ЈО. 

- За жал, претходната влада на Зоран Заев, Димитар Ковачевски и Артан Груби потпишала во договорот дека за да се декласифицира треба да се согласат двете страни. Јас само што станав министер за транспорт побарав, но другата страна не дозволи да се декласифицира. Инаку, договорот е јавно познат, јас лично сум го извадил, бев единствен политичар во опозиција кој имаше храброст да го извади во јавност и тоа е тоа - рече Николоски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!